ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Анализа – Во 2014 година Северна Македонија најлошо рангирана според светскиот индекс на слобода на медиуми

„Новинарот Кежаровски стана симбол за нарушувањата во слободата на информирањето. Откако беше осуден на затворска казна од 4,5 години, неговиот притвор беше заменет со домашен притвор, под меѓународен притисок. Но, веќе следниот ден во Србија беше уапсен друг новинар, Зоран Божиновски, по потерница од Интерпол. Божиновски често работеше истражувачки стории за Сашо Мијалков, шеф на македонските тајни служби и роднина на премиерот Никола Груевски“, пишуваше во извештајот на „Репортери без граници“ за 2014 година. 

May 3, 2022 12:37
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Скок од 33 позиции за Северна Македонија според извештајот за светскиот индекс на слобода на печат за 2022 година на Репортери без граници. Оваа година Северна Македонија се најде на 57 место и е подобро рангирана од речиси сите земји од поранешна Југославија, како и од Косово и Бугарија. Лани нашата држава се наоѓала на 90 место, а во 2021 година на 92 -то место.

 

Според извештаите на Репортери без граници во изминатите пет години, Северна Македонија бележи континуран раст.

На пример, во 2017 година, нашата земја била рангирана на 111 позиција, 2018 на 109, во 2019 година се нашла на 109 место, 2020 на 92-ро, 2021 на 90, за оваа година да нотира најголем скок и да се најде на 57-та позиција.

Ако го земеме предвид рангирањето во изминатите 10 години, Северна Македонија била најлошо рангирана во 2014 година кога се наоѓала на 123 позиција. Малку подобро била рангирана во 2015 и 2016 година, кога се наоѓала на 117, односно 118 место.

„Новинарот Кежаровски стана симбол за нарушувањата во слободата на информирањето. Откако беше осуден на затворска казна од 4,5 години, неговиот притвор беше заменет со домашен притвор, под меѓународен притисок. Но, веќе следниот ден во Србија беше уапсен друг новинар, Зоран Божиновски, по потерница од Интерпол. Божиновски често работеше истражувачки стории за Сашо Мијалков, шеф на македонските тајни служби и роднина на премиерот Никола Груевски“, пишуваше во извештајот на „Репортери без граници“ за 2014 година. 

Овој 20-Извештај на индексот за слобода на медиумите има целосно променета методологија, според која се користат пет нови индикатори во пресметување на оценката, а тоа се политички контекст, правна рамка, економски контекст, социо-културен контекст и безбедност.

Нашата држава има најдобар ранг според индикаторот „правна рамка“ и се наоѓа на 28-то место во светот.

Доколку се земат предвид пак годините пред 2011, Северна Македонија, според претходната методологија, била најдобро рангирана во 2009 година и се наоѓала на 34-та позиција, а постојан пад и влошување се забележува од 2010 до 2016 година.

Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда.

И. Т. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција

July 26, 2025
Извор: Valérie Batselaere/MSF

„Лекари без граници“: 652 деца починале од неухранетост во Нигерија за само шест месеци

July 26, 2025

САД прогласија група блиска до Мадуро за поддржувач на тероризам

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk