Мет Гала 2022 година, инаку позната како Првиот понеделник во мај, повторно се врати! Откако беше откажан во 2020 година и одржан во септември минатата година, блескавиот настан се врати во вообичаеното време оваа година. Во Музејот на уметностa Метрополитен, познати личности од А-листата во нивното најдобро светло се спуштија на црвениот тепих, пишува Воуг.
Што е позлатен гламур? Од моментот кога беше објавена темата на Мет Гала за 2022 година, луѓето се обидуваа да го одгатнат нејзиното значење. За некои, фразата го потсетува Њујорк на Едит Вартон, други сметаат дека потсетува на лутиот, накитен, уличен изглед од раните 2000-ти. Како и секогаш, црвениот тепих беше исполнет со прекрасни комбинации, џиновски накит и екстроверти кои сакаат да остават свој белег. Со оглед на просторот за интерпретација, гостите на церемонијата се гледа дека слободно си го трасираа својот пат и сите изгледаа воодушевувачки.
подготви: M. M.