ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слободата е најголема жртва на воената и пропагандна агресија

May 3, 2022 15:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Само неколку дена по воената инвазија на Руската Федерација врз Украина беше јасно дека има индиции за тешки повреди на меѓународното право. Во меѓувреме, воената инвазија предизвика хуманитарна катастрофа – смрт на илјадници цивили, десетици илјади ранети, и над 5.5 милиони бегалци (бројка од 1-ви мај 2022). Истражувачите на воени злосторства укажуваат на намерна употреба на моќни оружја во цивилни подрачја, на егзекуции на цивили, на бројни наводи за употреба на сексуално насилство, и други видови воени злосторства. Покрај намерните напади врз цивили и домови, има документирано стотици напади врз медицински објекти и лица, врз училишта, напади на културни објекти, принудни иселувања, напади и егзекуции на затвореници, тортура и нехуман третман, напади врз нуклеарни капацитети, но и бројни напади врз новинари и медиумски објекти.

Денеска на 3-ти мај, кога слободата на печатот е во меѓународен фокус, имаме морална обврска да укажеме дека воената агресија на Руската федерација врз Украина е агресија и врз слободата на изразување.

Иако новинарите се заштитени според меѓународното право (освен ако директно не учествуваат во конфликтот, или поттикнуваат воени злосторства, геноцид или акти на насилство), десетици медиумски работници настрадаа во последните неколку месеци во Украина. Познатиот украински фоторепортер и документарист Макс Левин е пронајден мртов со две прострелни рани, носејќи елек “Press”. Дел од неговите фотографии објавени на неговата Фејсбук страница, сведочат токму за нападите врз цивилни објекти и последиците од војната. Руската новинарка Оксана Баулина загина од руски шрапнел снимајќи ги последиците од руското гранатирање во Киев, заедно со уште двајца Украинци. Двајца новинари загинаа, а еден беше ранет, додека известува за руската инвазија во близина на Киев. Еден камерман беше убиен при бомбардирање на ТВ кулата во Киев, што беше осудено од IFJ и EFJ како воено злосторство. Еден американски новинар беше убиен (а други двајца ранети), снимајќи бегалци во близина на Киев. Докторот по социјална антропологија од Кембриџ –  Мантас Кведаривичиус, е пронајден мртов со прострелна рана во стомакот во Мариупол, снимајќи продолжение на својот документарец, посветен на страдањата на жртвите од гранатирањето. УНЕСКО го осуди убивањето на други двајца новинари, чии тела беа пронајдени по напуштањето на руските окупациски трупи. Некои новинари загинаа во своите домови како резултат на гранатирање, а други сеуште се водат како исчезнати или киднапирани. Многубројни се извештаите и за малтретирања, закани, уцени и говор на омраза кон новинари кои известуваат за војната во Украина.

Покрај воената агресија, која се манифестираше во бројни напади на медиумски објекти (ТВ кули и станици), медиумски работници и новинари и фоторепортери кои извршуваа службени задачи, сведоци сме и на пропагандна агресија (и обид за задушување на слободата на изразување и слободата на мирен протест не само во Украина, туку и во Руската федерација). Многу руски новинари се прогонувани или казнети, повеќето руски медиуми се затворени или цензурирани, а илјадници луѓе кои јавно протестираа против војната во Украина беа затворени.

Не само слободата на изразување, туку слободата воопшто, е најголемата жртва на воената и пропагандна агресија. Слободата во Украина е загрозена и ограничена од досегот на окупаторската артилерија и авијација. А жртви на пропагандната агресија можеме да идентификуваме до каде што досегаат Путиновите пропагандни канали, не само на Балканот и во ЕУ, туку и во Азија, Африка, па дури и на територијата на САД.

Борбата за слобода на Украина е борба и за слободата на изразување – борба за слободни медиуми без дезинформации, милитаристичка пропаганда и говор на омраза.


Текстот е напишан по покана од ЦивилМедиа, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk