ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Целиот слободен свет се обедини за никој да не го оправдува нацизмот, да не убива деца, да не уништува мирни градови, како Русија

May 3, 2022 11:57
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес руските војници извршија нов ракетен напад врз Одеса. Уништија студентски дом. Убија 14-годишно момче. Повредија 17-годишна девојка, таа има рана од шрапнел. Што е ова воопшто? За што? Со што ѝ се заканија на руската држава овие деца и студентскиот дом? Едноставно така тие се борат. Тоа е се, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

Завршува 68-от ден од нашата силна одбрана. 68-ми ден на самоуништување на Русија. Самоуништување во секоја смисла на зборот. Ако оваа земја некогаш го имала она што се нарекува репутација, тогаш сега Русија секојдневно прави работи кои едноставно исклучуваат каква било адекватност.

Вчера, на пример, рускиот министер за надворешни работи отворено и без двоумење рече дека наводно најголемите антисемитисти се меѓу самите Евреи. И дека Хитлер наводно имал еврејска крв. Како тоа може да се каже во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Овие зборови значат дека највисокиот руски дипломат го обвинува еврејскиот народ за нацистичките злосторства. Немам зборови.

Се разбира, денес во Израел има голем скандал поради овие зборови. Сепак, никој не слуша замерки или оправдувања од Москва. Тие молчат. Значи, тие се согласуваат со она што го кажа нивниот министер за надворешни работи. По рускиот ракетен напад врз Бабин Јар во Кијив, откако Менора беше оштетена со гранатирање на местото на масовните престрелки во Дробицки Јар кај Харкив, по смртта на обичните луѓе кои ја преживеаја нацистичката окупација и нацистичките концентрациони логори, таквата анти-семитска изјава на нивниот министер значи дека раковотството на Русија ги заборави сите лекции од Втората светска војна.

Или можеби тие никогаш и не ги научиле тие лекции. Значи, прашањето е дали израелскиот амбасадор ќе остане во Москва, знаејќи ја нивната нова позиција? Ќе останат ли односите со Русија како и обично? Затоа што ове се не е случајно. Не се случајни зборовите на рускиот министер за надворешни работи – „големиот познавач на хитлеризмот“.

Не случајно руските окупатори на украинско тло создаваат таканаречени „филтрациони кампови“ низ кои поминуваат илјадници наши украински граѓани. Таму каде што нашите луѓе се убивани, мачени и силувани. Не случајно окупаторите заробуваат цивили и ги земаат како заложници или ги депортираат како бесплатна работна сила.

Не случајно водат таканаречена тотална војна за уништување на сите живи суштества, по што остануваат само изгорени урнатини од цели градови и села.

За да се направи ова се, мора целосно да се отфрлат моралот и достигнувањата на победниците на нацизмот. Но, ако такви луѓе се во руското раководство, тоа не значи дека можат сами да ги осудуваат другите во Европа или во светот.

Ако праќаат десетици илјади свои граѓани да умрат во туѓа земја, а дури телата на убиените не ги земаат ни од улиците, патиштата, полињата, не значи дека сите други се како нив.

Ако меѓу нив има луѓе кои доаѓаат од Украина, но поддржуваат истребување на Украинците и сето она што е украинско, тоа не значи дека сите други го напуштиле нормалниот човечки морал.

Денес руските војници извршија нов ракетен напад врз Одеса. Уништија студентски дом. Убија 14-годишно момче. Повредија 17-годишна девојка, таа има рана од шрапнел. Што е ова воопшто? За што? Со што ѝ се заканија на руската држава овие деца и студентскиот дом? Едноставно така тие се борат. Тоа е се.

Од руско гранатирање изгоре гимназија стара повеќе од сто години во Лисичанск, Луганска област. Изградена е уште од Белгијците за овој град. Таа преживеа две светски војни. Но, како што гледаме, оваа гимназија се покажа како ужасна закана за модерна Русија.

Од 24 февруари руската армија уби 220 украински деца. И сè уште не знаеме за сите, бидејќи немаме пристап до привремено окупираните области на нашата држава. Како резултат на гранатирање уништени или оштетени се 1.570 образовни институции. Тоа е нешто повеќе од два месеци!

Затоа целиот слободен свет се обедини за никој да не го оправдува нацизмот. За никој да не убива деца. За никој да не ги уништува мирните градови, како што тоа го прави Русија.

Денес во Кијив се сретнав со Министерот за надворешни работи на Данска. Разговаравме за целиот спектар на прашања од нашите билатерални односи, пред се за одбранбената, финансиската и политичката соработка. Гледам напредок во спроведувањето на договорите постигнати за време на преговорите со Премиерот на Данска. Благодарен сум. Добив добри сигнали.

Разговаравме и за плановите за обнова на Украина по војната. И поддршка за нашето движење кон Европската Унија. Благодарен сум што Данска повторно ја отвора својата амбасада во нашиот главен град. Ова е веќе 29-та странска мисија што се враќа во Украина.

Работиме на нови санкции против Русија. Во блиска иднина очекуваме нов пакет од Европската Унија. Овој пакет треба да вклучува јасни чекори за блокирање на руските енергетски приходи. Ние многу веруваме во ова. За на терористичката држава да не ѝ се даваат милијарда евра дневно за гориво.

Но, уште сега вреди да се подготвиме и за следните чекори за санкции. Во секој случај, ќе мора да ги блокираме сите извозно-увозни операции со Русија. Затоа што од сето тоа во Москва заработуваат. И дури нема ни да разберат дека меѓународното право и мирот во Европа мора да се почитуваат.

Продолжуваме да правиме се за да го спасиме нашиот народ од Мариупол. Операцијата за евакуација продолжува. Утре очекуваме и движење низ хуманитарните коридори од Бердјанск, Токмак, Василивка.

Вооружените Сили на Украина херојски ги задржуваат обидите на окупаторите да напредуваат. Харкивската насока, Донбас, јужниот дел на земјата – насекаде ситуацијата останува исклучително тешка. Но, јас сум благодарен на секој од нашите бранители кои ја држат одбраната.

Штотуку потпишав голем указ за доделување награди на нашите војници. На 438 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди.

Титулата Херој на Украина му беше доделена на постариот поручник Тодоров Дмитро Русланович за лична храброст и извонредна ефикасност во борбите против окупаторите во Донецката област.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk