ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Растот на пензиите е меѓу првите мерки кои ги реализиравме во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада

Министерката  ги информираше пензионерите дека според направените анализи, добиени од Министерството за финансии, усогласувањето согласно измените на законот ќе придонесе кон раст на пензиите за најмалку 6%.

May 4, 2022 19:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјала политика, Јованка Тренчевска во текот на денешната посета на Пробиштип, заедно со градоначалникот Драган Анастасов  оствари средба со пензионерите од оваа општина, во Клубот на пензионери. На средбата се разговараше за прашања кои директно влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и со кои се воведе нов начин на усогласување на пензијата, бее главна тема на денешната средба.

„Растот на пензиите преку  воведувањето на новата методологија за усогласување на пензиите е меѓу првите мерки кои ги реализиравме во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада,“ рече Тренчевска.

Министерката  ги информираше пензионерите дека според направените анализи, добиени од Министерството за финансии, усогласувањето согласно измените на законот ќе придонесе кон раст на пензиите за најмалку 6%.

Ако просечната пензија изнесува во моментов 16.300 денари со ова усогласување пензијата би се зголемила за околу 1000 денари. Овој износ може да биде поголем или помал во зависност од официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) согласно кои ќе се изврши усогласување  на пензиите.

Таа се осврна и на финансиска поддршка за пензионерите од 1000 денари за три месеци, со цел да се ублажуват последиците од економско- енергетската криза и ценовниот шок предизвикан од воената агресија на Русија врз Украина и последиците од неа.

330.000 пензионери веќе добија финансиска поддршка за два месеци, а со следната исплата  ќе ја добијат и останатата помош.

„Како Влада цврсто стоиме зад нашите ветувања. Ветивме минимална плата, денес минималната плата е реалност. Застанавме зад ставот дека пензиите треба да растат и воспоставивме нова методологија за раст на пензиите. Носиме решенија на долг рок,“ порача Тренчевска.

Next Post

Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk