ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Македонскиот јазик е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување

May 5, 2022 10:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска оддаваме почит на нашата особеност, на нашиот идентитетски темел и лингвистичка гордост – македонскиот јазик. Јазикот на Конески, Шопов, Јаневски и на сите творци на македонската литературна реч е огледало на самобитноста. Тој е и наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. 

Mакедонскиот јазик, вели, афирмиран во светот, има сопствено место во словенското јазично семејство, благодарение на генерациите пред нас кои нѐ задолжија да го негуваме преку неговото писмо, кое токму денеска го чествуваме.

-Не смееме никогаш да ја забораваме борбата на нашите предци за докажување на посебноста на македонскиот јазик и за правото на неговата употреба која била тешка и исцрпувачка. Не помалку лесна е и денес, исправени пред нови, наметнати предизвици, но во духот на европските вредности и нашето начело да ги почитуваме различностите, ќе продолжиме да го истакнуваме нашето свето обележје, нашата инаквост, нашиот идентитетски стожер. Вековната писмена традиција што нам ни ја оставија, претставува најголемото сведоштво за посебноста на македонскиот јазик, вели Пендаровски во пораката.

Обврската да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, нагласува претседателот Пендаровски, не е само долг кон нашите предци, туку и кон нашите потомци, кон културното наследство на човековата цивилизација и влог во нашата единствена татковина, како дел од европскиот културен простор.

-Како што ќе рече нашиот Мисирков: Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни,  нагласува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик./МИА/

Next Post

Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, за само 100 дена, издадени се осум решенија за​ отворање на нови градинки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk