ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија (инфографик)

May 5, 2022 12:34
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по контејнерите е измешан комунален отпад којшто завршил на депониите.

Процентуално, дури 82,7 отсто од собраниот отпад е всушност измешан комунален отпад, којшто не поминал низ процес на селекција. Хартија, пластика, метал, органски отпад, стакло и други отпадни материи завршуваат заедно во контејнерите, од каде општинските јавни претпријатија го собираат за да го однесат на депонија.

Споредено со претходните години, свесноста за селекцијата на отпадот, заедно со напорите кои доаѓаат првенствено од невладиниот сектор и дел од компаниите, доведуваат до постепено, но бавно зголемување на процентот на селектиран отпад. Лани во споредба со 2020 година се намалил за 0,7 отсто процентот на измешан комунален отпад, а зголемување на процентот на селекција е забележано кај органскиот отпад (од 6,3 на 6,6 отсто), пластика (од 1,8 на 2 отсто), хартија (од 1,7 на 1,9 отсто), стакло (од 0,5 на 0,6 отсто), додека намалување е забележано кај селектираниот текстилен отпад (од 1,6 на 1,4 отсто).

Изразено во тони, во 2021 година се селектирани 41.687 тони органски отпад, 12.871 тон пластика, 12.263 тони хартија, 8.737 тони текстилен отпад, 3.713 тони стакло, 2.241 тон метал и 1.598 тони гума. Во категоријата останат собран отпад од јавните комунални претпријатија, влегуваат 26.063 тони, за кои се нема податок дали е селектиран или не.

Споредено со статистичките податоци од пред пет години, процентот на измешан комунален отпад собран во земјава е намален од 87,2 отсто во 2017 година на 82,7 отсто, односно за 4,5 отсто е зголемен процентот на ѓубрето коешто се селектира. Иако е придвижување нанапред, ова сепак е пребавно движење на земјава кон современ третман на отпадот според стандардите на ЕУ.

Забележително е дека во Скопскиот регион се собира најголемото количество на комунален отпад во земјава, а лани ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје успеала да селектира единствено 0,32 отсто од вкупниот собран отпад во главниот град. Овој процентуален удел е далеку помал од националниот процент на селектиран отпад којшто деновиве го објави Државниот завод за статистика.

Под ингеренција на Градот Скопје е и „Дрисла“ како најголема депонија во земјава, за која што Мета.мк веќе пишуваше дека не врши секундарна селекција на отпадот и нема сопствени погони за рециклирање, компостирање или согорување на отпадот, а модерен третман е воведен исклучиво во делот на медицинскиот отпад.

Поради ваквата состојба на немарност на општинско ниво, селекцијата на отпадот е препуштена на непрофитната компанија Пакомак и други лиценцирани селектирачи на отпад во земјава, и првенствено, на неформалните собирачи на отпад.

За егзистенција преку селекција на комуналниот отпад во земјава се борат од 3.000 до 5.000 луѓе. Па така, поради неразвиената инфраструктура со различни контејнери за селекција на отпад и ниската свест кај граѓаните, неформалните собирачи го селектираат за сите нас ѓубрето од контејнерите. Се смета дека дури 90 отсто од селекцијата на отпадната пластика во земјава ја вршат токму овие луѓе.

Од минатата година започна со работа и социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“, кое во моментов на територијата на дел од скопските општини селектира отпадна хартија и пластика од станбените згради и го започна процесот за формализирање на професијата – собирач на отпад во земјава.

Извор: МЕТА

 

 

 

Next Post

Гвардиола: Реал во последните 10 минути нападна со сите сили, а ние настрадавме

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk