ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Кавано: Продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и ИНТЕРПОЛ

May 5, 2022 20:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ, Стефан Кавано, јавува МИА.

– На средбата министерот Спасовски се заблагодари на прифатената покана за присуство на Регионалната конференција од страна на претставник на ИНТЕРПОЛ, посебно дека истата е организирана како дел од активностите за да се одбележи 7 Мај – Денот на полицијата, и напомена дека го радува што има ваков широк состав на шефови на полиции во нашата земја, како и претставници на меѓународните организации, посебно од ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ, правејќи ја средбата од важност за регионалната и глобалната безбедност. Меѓудругото, тој ја изрази спремноста за организација на Европската Регионална Конференција во 2023 година, кое пак се поклопува со 30 годишното членство во ИНТЕРПОЛ, информираат од МВР.

Спасовски истакна дека соработката меѓу земјава и ИНТЕРПОЛ ќе биде продлабочена во секој облик во иднина. Министерот потенцира дека МВР е отворено за проширување на соработката и оти останува кредибилен партнер на ИНТЕРПОЛ.

– Извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ се заблагодари на поканата и од име на Генералниот секретар Јирген Сток и изјави дека Северна Македонија не е само кредибилен партнер, туку е лидер во регионот за соработка во областа на сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста. Потенцираше дека поддршката што ја даваме за размената на податоци е важна за глобалната безбедност и за сите 195 земји членки на ИНТЕРПОЛ, жртвата што ја прави Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија со отстапување стручен кадар за придонесување на развој на активностите на ИНТЕРПОЛ се вреднува од самата организација, велат од МВР.

Извршниот директор напомена дека Северна Македонија е мост на Западен Балкан и оти сакаат да ги интензивираат идните активности во земјата, при што изразил благодарност за подготвеноста на МВР за организација на Европската регионална конференција и дал поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на ИНТЕРПОЛ.

Next Post

Мицотакис соопшти дополнителни мерки за справување со покачувањата на цената на струјата

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk