ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел

May 5, 2022 17:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата денеска скокнаа на 112 долари за барел поради загриженоста за снабдувањето, откако ЕУ ги соопшти новите пакет санкции кон Русија, вклучувајќи го и ембаргото на нафта, а водечките производители повторно ги отфрлија повиците за забрзано зголемување на производството, jaвува МИА.

Цената на барелот на лондонската берза денеска скокна за 1,59 долари во однос на претходното затворање, на 111,73 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по цена повисока за 1,30 долари, од 109,11 долари.

Пазарите се загрижени поради предлогот на ЕУ за нови санкции кон Русија, вклучително и постепено укинување на увозот на нафта и деривати во рок од шест месеци, до крајот на годината. Предложена е и забрана за сите транспортни и осигурителни услуги за транспорт на руска нафта.

-Пазарот на нафта не ги вклучи целосно во цените потенцијалните последици од нафтеното ембарго на ЕУ, така што можеме да очекуваме уште повисоки цени на суровата нафта во летните месеци доколку тоа се преточи во закон, изјави Бјорнар Тонхауген од „Ристад енерџи“.

Француската министерка за животна средина и енергија Барбара Помпили изјави дека е уверена дека членките на ЕУ ќе постигнат консензус за санкциите до крајот на неделата. Предлогот мора да биде поддржан од сите 27 земји на ЕУ.

-Планираното нафтено ембарго на ЕУ претставува огромен логистички предизвик за нафтените пазари, изјави Калум Макферсон од „Инвестек“.

„Пренасочувањето на руските барели од Европа кон купувачите во Азија, во услови на санкции, е веќе толку тешко што самата Русија призна дека нејзиното производство значително ќе опадне“, додаде Мекферсон.

Јапонија предупреди дека ќе има проблеми доколку веднаш престане да увезува руска нафта поради инвазијата на Украина.

Поддршка на цените денеска дадоа и Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, вклучително и Русија, со одлука за континуирано скромно зголемување на производството, придружено со забелешка дека тие не се виновни за прекините во испораките на руска нафта.

Игнорирајќи ги повиците од западните земји на пазарите да извадат повеќе нафта, групата одлучи во јуни да го зголеми производството за 432.000 барели дневно, како и во претходните месеци, во согласност со планот за укинување на ограничувањата во 2020 година, првата година од пандемијата на Ковид-19. с

Next Post

Тренчевска: Едукацијата за здравјето е од особено значење за заштита на сите граѓани

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk