ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гончаренко: Гори погодента руска фрегата „Адмирал Макаров“

May 6, 2022 14:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дали руската бродот„Адмирал Макаров“ ќе оди на дното сè уште не се знае. Народниот пратеник Алексеј Гончаренко изјави дека се точни информациите за погодента руска фрегата во Црното Море. Како и фактот дека тој брод е „Адмирал Макаров“, пренесува украински Телеграф.

Сега бродот гори среде море, политичарот објави на својот канал na Телеграм.

Понов брод ама уште полош од “Москва“

„Адмирал Макаров“ припаѓа на серија патролни бродови или фрегати од проектот 11356R, а беше изграден во Калининград на бродоградилиштето Јантар во 2012 година.  а во пролетта 2016 година започнаа тестовите пред да биде пуштен во употреба.Иако руската морнарица го објави успехот на тестовите, бродот стапи во служба шест месеци подоцна од планираното на 27 декември 2017 година.

„Адмирал Макаров“ е долг 124 метри и широк 15 метри, а поместувањето се движи од 3800 до 4000 тони, во зависност од обемот на работа на бродот. Може самостојно да плови 4.000 наутички милји или 7.400 km додека е на отворено море до 30 дена со брзина од 30 јазли на час или 55,5 km.

Целосниот екипаж на бродот достигнува 180 луѓе, носи 1 хеликоптер за пребарување и спасување или противподморница, 2 лансери за торпеда, како и артилерија (1 топ од 100 mm и 2 од 30 mm), противбродски и противвоздушни проектили како и крстосувачки ракети „Калибар“ .

Фрегатата “Адмирал Макаров“ учествувала во борбите во Сирија.

Во исто време, како што признаа руските медиуми по потонувањето на Москва, системот за противвоздушна одбрана на “Адмирал Макаров“ базиран на системот за противвоздушна одбрана Штил-1, е инфериорен дури и во однос на системот на потонатиот предводник на руската црноморска  флота. Полуактивното водење на системот за противракетна одбрана „Штил“ не обезбедува добри противбродски ракети.

„Изгледот на оваа фрегата е неверојатен. Како дизајнерите можеа да ја претворат палубата во хаотична депонија со различна опрема? Таквиот хаос предизвикува зголемени рефлексии на радио брановите, а фрегатата може да ја надмине Москва по откриеност. Секоја против бродска ракета веднаш ќе открие таков брод. Затоа, сега нашата флота треба да го напушти Севастопол со голема претпазливост. Посигурен е под заштита на крајбрежните системи за воздушна одбрана“, така беше опишан изгледот на “Адмирал Макаров“ на руската веб-страница “Topwar”.

Бродот три пати одел во борбени задачи како дел од оперативната формација на руската морнарица во Средоземното Море, која учествувала во дејствијата на Руската Федерација во Сирија. За време на една од овие акции во септември 2019 година, бродот ја предаде главната икона на руската морнарица „Свети апостол Андреј Првоповиканиот“ до базата на медитеранската група бродови на руската морнарица во Сирија.

Судејќи според извештаите за пожар на бродот, најверојатно предизвикан од удари од украинските противбродски ракети Нептун, очигледно е дека и покрај патувањето на иконата, и Бог се оддалечил од бродот.

Превод: Жорж Димовски

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Белорускиот суд ја осуди руската опозициска активистка Софија Сапиеха на затвор од шест години во казнена колонија

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk