Белорускиот суд ја осуди руската опозициска активистка Софија Сапиеха на затвор од шест години во казнена колонија. Роман Протасевич и Софија Сапиеха беа приведени пред една година по присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск Слетувањето на авионот во Минск било целосно контролирано од КГБ, пренесува Захид.нет.
Во Белорусија, судот ја осуди руската опозициска активистка Софија Сапиеха, пријателка на новинарот Роман Протасевич, која беше приведена заедно со него по присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск. Ова го објави Еврорадио.
Девојката беше администратор на каналот Телеграм, кој објави податоци од белоруските безбедносни сили вклучени во растурањето на протестите и тортурата на затворениците.
Таа беше обвинета по неколку точки: поттикнување социјална омраза, незаконски дејствија за откривање на лични податоци, организирање насилство и закани за насилство врз полицаец, мешање во активностите на полициски службеник и попречување на легитимните професионални активности на новинар. Како резултат на тоа, Сапиеха беше осудена на шест години во казнена колонија.
Поранешниот уредник на белорускиот опозициски телеграмски канал NEXTA Роман Протасевич беше приведен на 23 мај во Минск. За да го приведат, белоруските безбедносни сили принудиле да слета во Минск, авион на Рајанер, кој летал од Атина до Вилнус и го превезувал Протасевич. Медиумите подоцна објавија дека Протасевич во Грција го набљудувале руски агенти.
Протасевич беше во авионот со неговата девојка од Русија, Софија Сапиеха, која исто така беше уапсена. Претходно белоруското МНР претпоставуваше дека по судењето на Софија Сапиеха во Белорусија, таа може да биде помилувана или префрлена на отслужување на казната во Русија.
Светската заедница ваквите постапки на белоруските власти ги нарече „чин на државен тероризам“, а светските авиокомпании почнаа да вршат летови заобиколувајќи ја Белорусија. Покрај тоа, на белоруската авиокомпанија Белавија и беше забрането да лета за Европа.
Превод: Жорж Димовски