ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Минатата година цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик

May 7, 2022 11:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стабилност и сигурност во испораката на електрична и топлинската енергија беше обезбедена и во услови на голема енергетска криза која што започна во втората половина од 2021 година, а предлозите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за намалување на ДДВ и проширување на опфатот на ранливите категории кои добиваат финансиска помош за плаќање на сметките за електрична и топлинска енергија , се реализира, се посочува во Годишниот извештај за работа на РКЕ што беше усвоен од Собранието.

-Високите берзански цени на енергенсите минатата година неколку кратно се зголемија поради што после 12 години се створија предуслови да се активира во погон ладната резерва ТЕЦ Неготино, затоа што цената на произведената електрична енергија од ТЕЦ Неготино беше пониска од берзанската, што овозможи дел од потребната електрична енергија да се обезбеди од домашно производство наместо од увоз. Како една од мерките за справување со енергетската криза, се донесе одлука наместо задолжителните 70 отсто, ЕСМ да испорачува 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата по цена од 41 евро за мегават час во услови кога берзанската цена на електричната енергија достигнуваше до 450 евра за мегават час, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Нагласи дека минатата година цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик. Природниот гас од 300 долари за нормален кубен метар достигна цена до 1.800 долари за нормален кубен метар. Електричната енергија постигна цена од фантастични 450 евра за мегават час за разлика од цените пред кризата кои достигнуваа од 55 до 65 евра за мегават час. Кај нафтените деривати се регистрираше поскапување за околу 70 отсто на берзите во однос на крајот на 2020 година.

-Берзанските цени на овие енергенси и денес се околу четири пати повисоки од цените пред кризата и се очекува да се стабилизираат на одредено повисоко ниво во однос на нивото пред кризата. Поради свесноста кај сите потрошувачи дека енергенсите се зголемуваат, имаме нотирано значаен пораст на потрошувачи кои ги обезбедуваат дел од сопствените потреби за електрична енергија од инсталирани фотонапонски панели, а во исто време се регистрира и пораст на производители на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, рече Бислимоски.

Порача дека на меѓународен план РКЕ четврта година по ред е оценета како лидер во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница и го делеше првото место заедно со регулаторните тела од Грузија и Црна Гора. Дополнително Агенцијата за соработка на Енергетските регулатори (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER) ја прифати Регулаторната комисија за енергетика да ѝ се придружи на Работната група за електрична енергија како набљудувач, со што РКЕ е второ регулаторно тело од договорните страни на Енергетската заедница, која се стекнува со овој статус како резултат на позитивната оценка добиена од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница за усогласување со барањата од Третиот пакет во секторот на електрична енергија и потврдените пракси за регулаторна независност.

Покрај тоа, претседателот Бислимоски во текот на минатата година беше реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што, практично, доби втор мандат за извршување на оваа должност.

Добивањето на доверба за уште еден мандат, велат од РКЕ, освен што ја потврди лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика при спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително претставува и признание за активната улога во креирањето на решенија за време на енергетската криза. /МИА/

Next Post

Османи: Направивме сè што можеше, но и тоа што не можеше да се направи, треба да знаеме на што сме со ЕУ и Бугарија, не може повеќе вака

Shortcut

Најново

Министрите за земјоделие на Украина и Србија потпишуваат договор за соработка (фото извор: Кабинет на претседателот на Украина)

Како посетата на Зеленски стана пропаганден ресурс за Вучиќ

August 20, 2026

На која планета живее власта?

August 20, 2026

Класична вечер на плоштадот „Скендербег“: Младинскиот оркестар на Западен Балкан го заокружи културното лето во Чаир

August 20, 2026
Меѓународен стрип-салон и конкурс „Велес 2026“

Рекорден број учесници на 23. Меѓународен стрип-конкурс „Велес 2026“: Прогласени најдобрите автори

August 20, 2026

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk