ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На која планета живее власта?

Статистиката може да покажува дека паричниците се полни, но луѓето не плаќаат на каса со статистика.

August 20, 2026 10:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Економските дебати во јавноста сè повеќе наликуваат на два паралелни света кои директно ги соочуваат податоците на премиерот Христијан Мицкоски со реалноста. Ова е темата на која опозицијата има повеќе од доволно аргументи да ги нападне тврдењата на власта. Мицкоски се „прослави“ повеќе пати во изминатите две и кусур години со фалбите за економски успеси и раст на стандардот во земјата. Тој се служи со статистички показатели за растот на платите и пензиите. Но социјалните мрежи и дел од аналитичарите, како и опозицијата, не се согласуваат со него. Освен нив, со премиерот не се согласува ни реалноста во која реалните трошоци за живот постојано растат.

Секоја здраворазумска анализа дури и на официјалните податоци ќе понуди илустрација за тоа каде завршува политичката реторика и пи-арот, а каде започнува реалноста.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна презентираше економска анализа во која направи споредба меѓу 84-те месеци од владеењето на СДСМ и ДУИ и 23-те месеци од актуелната влада (во која членуваат коалициските партнери ЗНАМ и ВЛЕН). Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата за мај 2024 година навистина изнесувала 41.252 денари. Ова претставува номинален раст од над 20 проценти. Слична е состојбата и кај пензионерите. Официјалните соопштенија на владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека просечната старосна пензија пораснала од 22.858 денари во јули 2024 година, на 29.663 денари во тековната 2026 година. Овие бројки ги пласираат провладините медиуми без да ги предизвикаат со податоци за вистинскиот стандард на граѓанките и граѓаните. Растот, ако се следат бројките, е статистички неспорен.

Од друга страна, владините пресметки кои се засноваат на просто споредување на денешните економски параметри со периодот на владеењето на претходната влада содржи повеќе пи-ар, а помалку однос кон реалните состојби.

Најчестите коментари за оваа најнова фалба на премиерот со официјалните статистички податоци е дека тие не се одраз на тоа со што се соочуваат граѓаните во супермаркетите и на бензинските пумпи. Според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува застрашувачки 68.498 денари. Кога на ова ќе се додаде цената на дизелот од 100 денари и енормно високите цени на основните прехранбени производи, станува јасно дека дури и со две просечни плати, преживувањето на едно четиричлено семејство е сериозен предизвик. Дополнителен товар за макроекономската стабилност, според аргументите на опозицијата, е и тоа што државата се задолжила за нови 2,5 милијарди евра во текот на двегодишниот мандат на оваа влада.

Анализата на Пари.мк укажува дека инфлацијата забележала пад на 2,3 проценти во јули 2026 година, додека кумулативната инфлација за првите седум месеци изнесува 3,9 проценти. Но без оглед на тоа што овие податоци укажуваат на забавување на растот на цените, клучно е тоа што самото ниво на цените на производите не е намалено. Така, статистиката му дава само „месо“ на владиниот пи-ар, додека за обичниот човек остануваат само коски и трошки.

Така, по којзнае кој пат, статистиката и пи-арот се судрија со реалноста во која живеат обичните луѓе. Власта можеби има право да се повикува на номиналниот раст на платите и пензиите преку конкретни статистички скокови кои се евидентни. Но, од друга страна, сериозните и сѐ повидливи неволји во кои се наоѓа буџетот на државата и реалната вредност на потрошувачката кошница ја раскажуваат приказната за животот кој вистински се одвива.

Разликата помеѓу тврдењата на власта и искуството на просечното семејство останува огромна, како да се од различни планети. Оттаму и прашањето во насловот: На која планета живее власта? Статистиката може да покажува дека паричниците се полни, но луѓето не плаќаат на каса со статистика.


ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Министрите за земјоделие на Украина и Србија потпишуваат договор за соработка (фото извор: Кабинет на претседателот на Украина)

Како посетата на Зеленски стана пропаганден ресурс за Вучиќ

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk