ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ден на срамот и поразот

Путин е спремен да ја брани таа „реалност“, не со силата на аргументите, туку со офанзивна пропаганда и со јазикот на оружјето, со безмилосна деструкција и истребување на цивилното население. Нема победа во тоа. Само срам и пораз.

May 9, 2022 13:40
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Путин, рускиот неприкосновен автократ, архитект и нарачател на бруталната агресија врз Украина, каде што руската војска и паравоените формации помогнати од Кремљ спроведуваат невидени воени злосторства и геноцид, одржа говор на воената парада во Москва, по повод 9 Мај. За Путин, бруталната агресија врз Украина е „превентивен напад“. Тој ја правда својата воена авантура со потребата да се „заштити Русија од агресијата на Украина и Западот против Русија“. Според него, тоа била „неизбежна“ и „единствената исправна одлука“.

Наспроти очекувањата дека ќе објави интензивирање на воените дејствија, тој прогласи победа (со најмалку 20.000 загинати војници, меѓу кои и 400 офицери и 12 генерали, стотици тенкови, потоната „Москва“ и други бродови…). Со бескрајна дрскост изрече бескрајни небулозни напади врз западните демократии и Украина. Соочен со пораз на боиштата и едногласна осуда од целиот демократски свет, тој и немаше избор, освен уште еднаш да го покаже вистинското лице на неговото крваво владеење кое ќе го заврши како воен злосторник.

Русија и Путин нема што да прославуваат на 9 Мај, најмалку како датум поврзан со победата. Можат единствено да се сетат дека 77 години по нивната победа во Втората светска војна, тие се на другата страна, на страната која уништува цели градови и села, спроведува воени злосторства и геноцид, војува против мирот, демократијата, слободата и човечноста. Датумот кога Русија треба да се сеќава на 20-те милиони жртви што ги дадоа сите народи во состав на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Меѓу нив беа и Русите и Украинците и уште петнаесетина други народи. Денес, 9 Мај е ден на срамот и поразот на Русија и руската нација.

Руската воена агресија врз Украина, започната во 2014 година, му донесе пораз на Путин. Веќе во првите часови по почетокот на целосната инвазија на 24 февруари 2022, стана јасно дека цел на Путиновата агресија не се само воени цели, туку и цивилите и цивилните објекти, почнувајќи од градинките и болниците, завршувајќи со инфраструктурата неопходна за нормален живот.

„Вие се борите за татковината, за нејзината иднина, за никој да не ги заборави лекциите од Втората светска војна. За да нема место во светот за џелати и нацисти“ – рече Путин на воената парада.

Несфатлив е цинизмот на говорот на Путин. Неговиот 11-минутен говор и едната минута молк ќе останат забележани како уште еден пример за лицемерието и манипулацијата. Путин упорно инсистира на реалноста што постои само во неговата глава. Путин е спремен да ја брани таа „реалност“, не со силата на аргументите, туку со офанзивна пропаганда и со јазикот на оружјето, со безмилосна деструкција и истребување на цивилното население.

Војската на Путин ограбува, урива, пали, измачува, силува и убива жени, деца и невооружени цивили. Нема победа во тоа. Само срам и пораз.

Нема што повеќе да се каже за говорот на човекот што ја зграпчи власта во Русија пред 23 години, ги апси и убива своите неистомисленици и ја заокружува својата кариера како воен злосторник.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk