Откако украинската војска на 7 мај го ослободи селото Циркуни, војникот кој е роден и израснат во ова село можел да ги посети своите најблиски. Жена која поминала 74 дена во окупација, со солзи го дочекала својот син-бранител. Известуваат од патролната полиција.
Трогателната средба помеѓу мајката и синот беше снимена на видео од страна на полициските службеници. Тие забележуваат дека цело време од окупацијата, патролниот полицаец Андреј Сикленко, кој служи во Харкив, речиси немал никаков контакт со своите роднини. Но, ова не го скрши Андреј. Од првите денови на целосната инвазија на Русија, тој секојдневно им помагаше на жителите на Харкив, совесно им служеше, го чуваше нивниот мир и доставуваше хуманитарна помош во најпогодените области на градот, и што е најважно, веруваше во победата и ја донесе поблиску на секој можен начин.
– Пред некој ден нашите војници го ослободија селото Циркуни од Русите. И вчера Андреј можеше да дојде во семејната куќа и да ги види родителите. Синот и неговата мајка Галина Василиевна се прегрнаа за прв пат по 74 дена разделеност. Симболично е што ова се случи на Денот на мајката, – коментираат во патролната полиција.
превод: Жорж Димовски