Пародија на победата. Ова е насловот на стаиричното видео објавен на владиниот Твитер профил на Украина. На денешниот ден, Ден на победа над фашизмот и нацизмот, Ден на Европа, кога во Москва се одржува парада на победата, Украинските власти со подбив ја нарекоа „пародија на победата“ бидејќи веќе три месеци трае руската инвазија во Украина.
victory parody pic.twitter.com/6vM0hEWTp3
— Ukraine / Україна (@Ukraine) May 9, 2022
На ведеото може да се забележи дека на воената механизација на Руската Федерација се „додадени“ клима уреди, фрижидери, машини за перење и друга бела техника, бидејќи кога руските окупатори ги напуштаа местата кои ги опустошија, во своите возила натоварија украдени апарати за домаќинство, и мали и големи.
И. З