ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Реакции – Руската православна црква ги признава исклучиво канонските права на Српската православна црква во Северна Македонија

Грчкиот црковен портал „Ортодоксија инфо“ во текстот под наслов „Шах-матот“ на вселенскиот патријарх што го збриша планот на руско- српската оска за нова турбуленција на Балканот“, пишува дека со одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија „се става крај на повеќегодишната перипетија на шизматичката црква, која ја врати во рамките на канонската православна црква“.

May 10, 2022 13:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква, реагираше Руската православна црква (РПЦ) која вели дека ги признава исклучиво правата на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, пишува во анализата на Дојче веле.

„РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон овој проблем на Српската црква на која и понатаму ѝ ги признаваме канонски права во Северна Македонија“, вели секретарот на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, во реакцијата која ја пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на рускиот „Спутник“.

Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на македонската црква, туку претставува објава дека црквата повеќе не е во шизма и раскол со православниот свет. Во соопштението на Вселенската патријаршија се наведува дека се остава на СПЦ да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ-ОА во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

„Цариград се вмеша во јурисдикцијата на СПЦ„, коментира српскиот верски аналитичар, Јован Јањиќ, кој смета дека Македонската православна црква не е признаена од Вселенската, туку од Цариградската партријаршија, која пак е само прва по ранг меѓу православните цркви и дека практично се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква.

Во изјавата за Танјуг, тој нагласува дека со својата одлука Цариградската патријаршија  се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква со оглед на тоа што таа не ѝ е мајка црква на Охридската архиепископија, поради што не може да ѝ даде автономија или автокефалност.

Збришан планот на руско- српската оска 

Грчкиот црковен портал „Ортодоксија инфо“ во текстот под наслов „Шах-матот“ на вселенскиот патријарх што го збриша планот на руско- српската оска за нова турбуленција на Балканот“, пишува дека со одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија „се става крај на повеќегодишната перипетија на шизматичката црква, која ја врати во рамките на канонската православна црква“. Како што пренесува агенцијата МИА, во текстот се додава дека и покрај непријателскиот став на Српската патријаршија, Константинопол не навлегува подлабоко во прашањето и му остава на Белград да преземе потези за завршување на постапката по ова прашање.

„Со овој одлучувачки потег, Вселенската патријаршија става крај на новите аспирации на Русија да предизвика нова рунда конфронтации околу јурисдиктивните прашања, а црквата на Србија ја става пред своите одговорности за завршување на напорите за решавање на проблемот според Светите канони“, коментира порталот.

Бугарските медиуми, пак, коментираат дека Македонската православна црква била изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија. „Во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција – речиси 750 години“, пишува бугарскиот медиум Епицентар. Бугарскиот историчар Божидор Димитров, пак, оценува дека признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и и штети на Бугарија и на бугарската кауза во Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот оцени дека одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае македонската црква како канонска е најважниот и најголемиот чекор. „Нашата православна црква сега е во заедница со сите православни цркви со што завршува седумдецениската изолација“, вели тој. 

За македонските верски аналитичари ваквата одлука на Вселенската патријаршија е охрабрувачка, ако се има предвид дека сличен потег беше направен и во однос на Украина, каде што црквата прво беше примена во православниот свет, а потоа и беше уреден статусот како автокефална.

Анализа на Дојче веле

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk