Идриса Гана Геј не сака да ги носи боите на виножитото на дресот, како што ги носеа сите клубови во Франција за време на викендот, заклучуваат медиумите во оваа европска земја., пренесува Спорт клуб.
? Reports in France claim that Idrissa Gueye missed the PSG game because he refused to wear the rainbow flag on his kit, the symbol of the LGBTQ+ community. pic.twitter.com/qe1KYwylwt
— SPORTbible (@sportbible) May 16, 2022
Според Л’екип, сенегалскиот репрезентативец пристигнал во Монпеље со тимот на Пари Сен Жермен, но не излегол на теренот.
„Го оставив надвор од тимот од приватни причини. Не станува збор за никакви повреди“, изјави Маурисио Покетино, тренерот на ПСЖ.
Интересно е тоа што минатата година Геј отсуствуваше од тимот во истата недела. Од 2019 година, на Меѓународниот ден на хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, сите тимови носат дресови во боја на виножито како поддршка на таа популација.
Геј ги отфрли овие шпекулации и истакна дека неговото отсуство нема никаква врска со недавањето поддршка на ЛГБТ популацијата.