ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупанчевски очекува во Собранието поддршка на предложените законски решенија кои се од јавен интерес

May 17, 2022 21:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчевски очекува во Собранието поддршка на предложените законски решенија кои се од јавен интерес, како што се Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за академија за судии и јавни обвинители, јави МИА.

Во однос на заглавените закони во Собранието и блокадата од опозицијата, Тупанчески во емисијата „Топ тема“, вечерва рече дека ставот на опозицијата бил дека ќе ги поддржи законите кои се од општ интерес и дека затоа очекува пратениците да покажат зрелост во таа насока.

– Земете ги измените и дополнувањата на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Јас мислам дека тоа е закон од јавен интерес. Не гледам дека би можело политички некој да добие или профитира. Понатаму, Законот за академија за судии и јавни обвинители. Да, има некои работи кои што треба да се корегираат амандмански, но и тоа е закон кој што треба да биде над ситуацијата, изјави Тупанечсвки.

Тупанчески, посочи дека Министерството за правда го направило тоа што требало да биде направено и најголем дел од законите се во собраниска процедура.

Во однос на новиот Изборен законик, Тупанчески рече дека тој треба да се донесе консензуално и најмалку шест месеци пред избори.

– Во работната група ќе бидат застапени сите засегнати страни, од невладиниот сектор, политички партии, меѓународни организаиции … така што, се што сметаме дека треба да биде дел, ќе биде вклучено во работната група. Идејата е работната група да ја води професионалец и до него да има експерт од странство, што ќе му помага, изјави Тупанчески.

Работната група, според министерот Тупанчески, ќе треба да даде прелог решение што ќе опфаќа три клучни работи – прво околу бројот на изборни единици, дали ќе биде една или повеќе, потоа околу изборниот праг, дали да има и колкав да биде и дали листите да бидат отворени или затворени.

– Јас се обидувам колку што може повеќе да го афирмирам начелото на инклузивност, сите засегнати страни да бидат дел од она што се нарекува нов изборен законик. Колку ќе успеам во тоа не зависи само од мене, се знае колкави се ингеренциите на Министерството. Идејата е овој закон, овие правила да бидат за кога и да се во иднина. Да не правиме пропусти или недостатоци, рече Тупанчески.

Next Post

Отворен 75. Филмски фестивал во Кан

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk