ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Евроинтеграциите и спорот со Бугарија во фокусот на средбата на собраниската делегација и Сарацин

May 19, 2022 09:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во попладневната сесија политички разговори во рамки на студиската посета на германскиот Бундестаг, делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со специјалниот пратеник на Владата на Федерална Република Германија Мануел Сарацин.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Сарацин истакна дека како поранешен пратеник и член на Групата за соработка со Парламентите од Југоисточна Европа и тековно, како специјален пратеник за Западен Балкан неколкупати го посетил регионот и многу добро е запознаен со јавните политики и политичките настани во Северна Македонија. Сарацин, како што се наведува, ја истакна силната поддршка на Германија во процесот на евроинтеграциите.

Тој нагласи дека процесот на отворање и затворање поглавја за членство во Унијата е комплициран и тежок и дека од особена важност е на време да се спроведат реформите во конкретни сфери за да се олесни целокупниот процес од една страна, но и како придобивка за граѓаните на државата.

Претседателот на Собранието Џафери се заблагодари за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија, која, како што се наведува, е докажана и преку фактот што според индикаторите на трговска размена Германија е на прво место.

-Во однос на реформите кои се имплементирани  во државата и нивната успешност – позитивните Извештаи од 2019 година се позитивни и знак дека сме на добар пат, стои во соопштението.

Во однос на геополитичката состојба и агресијата на Руската Федерација против Украина, Џафери го истакна усвојувањето на Декларацијата со која како држава ја осудуваме агресијата и воените дејствија во Украина, како и приклучувањето кон санкциите против Русија, целосно усогласување со позициите на Унијата, иако не сме нејзина членка. Џафери истакна дека во овој контекст од ЕУ не очекуваме субвенции, туку да рефлектира согласно развојот на настаните на Европскиот континент.

-Соговорниците се согласија дека во моментов е неопходно да се најде заедничка основа во преговорите со Бугарија и да се преземат чекори кои што нема да имаат за цел да ја изменат или поправат историјата, затоа што таа е токму тоа – историја, минато, а во моментов е потребно да се гледа и да се работи на иднината, се вели во соопштението од Собранието./МИА/

Next Post

Захарова тврди дека 900 украински борци од Азовстал се одведени во „казнена“ колонија под контрола на Русија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk