ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската инвазија во Украина влезе во 86. ден: Уништени 8 руски тенкови, одбиени 14 напади во Доњецк и Луганск

May 20, 2022 12:36
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Руската инвазија во Украина влезе во 86. ден од воените дејствија. Руските сили спроведуваат офанзива во областите на Лисичанск и Сиевиеродонецк. Нема значителни промени во состојбата и положбата на единиците на вооружените сили на Белорусија во областите Волин и Полисија. Заканата од проектил од територијата на Белорусија продолжуваат, брифираат украинските власти.

Во Сиверски, како што се наведува во извештајот, русите стационирале инженерска опрема на позициите околу населбата Азаровка. Од областа Брјанск, русите гранатирале со артилерија и минофрлачи во населбите Бојаро-Лежачи, Бруски, Стари Вирки, Сумиска област и Хремјах и Чернихивската област.

Украинските власти известуваат дека во насока на Харкив, главните напори на руските сили се насочени кон одржување на окупираните граници и се обидуваат да извршат контранапад за да ги вратат загубените позиции.  Борбите продолжиле и во реонот на населбите Тернов и Веселе, а гранатирањата на руската војска е забележан во близина на Руски Тишки.

Харкив Украина. Фото: МИА

Во правец на Славјанск се пука врз цивилната инфраструктура во областа од населбите Довгенке, Велика Комишуваха и Долина, информираат украинските власти.

Руските сили ги засилиле офанзивните и јуришните операции во областа Доњецк.

Украинските сили известуваат дека русите напаѓале со минофрлачи, артилерија, повеќе ракетни фрлачи и оперативни и тактички авиони со цел да се уништат утврдувања на украинските единици по целата линија. Четиринаесет напади биле одбиени од украинците во насока на Доњецк и Луганск изминатите 24 часа, посочуваат украинските сили а уништени биле осум тенкови, четиринаесет борбени оклопни возила. Единиците на украинската противвоздушна одбрана собориле и едно беспилотен летало Orlan10.

Руски тенкови уништени во близина на Глухов, Украина (фото извор: Министерство за одбрана на Украина)

Во насока на Лајман, руската војска периодично гранатирала цивилна инфраструктура во подрачјата на населените места Диброва и Закитне.

Во Сиевиеродонецк, руските сили извршиле безуспешна јуришна операцја – претрпеле загуби и беле принудени да се повлечат.

Во насока Бахмут, со поддршка на артилерија и минофрлачи, руските сили извршиле офанзивни операции во реонот на населбата Вискрива. При обидот да ја подобрат тактичката положба на нивните единици во близина на Володимиривка и Василивка. русите претрпеле загуби во областа на населбата Александропил, се наведува во извештајот.

„Руските сили со поддршка на артилерија, извршиле јуришни и офанзивни операции во атарот на населбата Веселе во Авдиевка, но претрпеле значителни загуби и се повлекуваат. Во Курахив, рускиот непријател изврши масовно артилериско гранатирање цивилна инфраструктура, вклучувајќи повеќе ракетни фрлачи. Во правците Новопавловск и Запорожје, рускиот непријател погоди инфраструктура на  домаќинства со ракетен, артилериски и минофрлачки оган, и водеше борба против украинска батерија во атарот на населбата Новодаривка, но загуби и се повлече на своите поранешни позиции“, информираат украинските власти.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk