Руската инвазија во Украина влезе во 86. ден од воените дејствија. Руските сили спроведуваат офанзива во областите на Лисичанск и Сиевиеродонецк. Нема значителни промени во состојбата и положбата на единиците на вооружените сили на Белорусија во областите Волин и Полисија. Заканата од проектил од територијата на Белорусија продолжуваат, брифираат украинските власти.
Во Сиверски, како што се наведува во извештајот, русите стационирале инженерска опрема на позициите околу населбата Азаровка. Од областа Брјанск, русите гранатирале со артилерија и минофрлачи во населбите Бојаро-Лежачи, Бруски, Стари Вирки, Сумиска област и Хремјах и Чернихивската област.
Украинските власти известуваат дека во насока на Харкив, главните напори на руските сили се насочени кон одржување на окупираните граници и се обидуваат да извршат контранапад за да ги вратат загубените позиции. Борбите продолжиле и во реонот на населбите Тернов и Веселе, а гранатирањата на руската војска е забележан во близина на Руски Тишки.
Во правец на Славјанск се пука врз цивилната инфраструктура во областа од населбите Довгенке, Велика Комишуваха и Долина, информираат украинските власти.
Руските сили ги засилиле офанзивните и јуришните операции во областа Доњецк.
Украинските сили известуваат дека русите напаѓале со минофрлачи, артилерија, повеќе ракетни фрлачи и оперативни и тактички авиони со цел да се уништат утврдувања на украинските единици по целата линија. Четиринаесет напади биле одбиени од украинците во насока на Доњецк и Луганск изминатите 24 часа, посочуваат украинските сили а уништени биле осум тенкови, четиринаесет борбени оклопни возила. Единиците на украинската противвоздушна одбрана собориле и едно беспилотен летало Orlan10.
Во насока на Лајман, руската војска периодично гранатирала цивилна инфраструктура во подрачјата на населените места Диброва и Закитне.
Во Сиевиеродонецк, руските сили извршиле безуспешна јуришна операцја – претрпеле загуби и беле принудени да се повлечат.
Во насока Бахмут, со поддршка на артилерија и минофрлачи, руските сили извршиле офанзивни операции во реонот на населбата Вискрива. При обидот да ја подобрат тактичката положба на нивните единици во близина на Володимиривка и Василивка. русите претрпеле загуби во областа на населбата Александропил, се наведува во извештајот.
„Руските сили со поддршка на артилерија, извршиле јуришни и офанзивни операции во атарот на населбата Веселе во Авдиевка, но претрпеле значителни загуби и се повлекуваат. Во Курахив, рускиот непријател изврши масовно артилериско гранатирање цивилна инфраструктура, вклучувајќи повеќе ракетни фрлачи. Во правците Новопавловск и Запорожје, рускиот непријател погоди инфраструктура на домаќинства со ракетен, артилериски и минофрлачки оган, и водеше борба против украинска батерија во атарот на населбата Новодаривка, но загуби и се повлече на своите поранешни позиции“, информираат украинските власти.
Ј. Ѓорѓиоски