ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска: Никој не може да ни го загрози идентитетот, политичките елити ги создаваат проблемите

May 20, 2022 14:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министеркта за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“ говори за тенденцијата за деполитизација во културата која остава такви дубиози како онаа за проектот „Скопје 2014“ кој, како што вели министерката, во актите на Министерството-не постои.

Таа тврди дека соработката со Бугарија во доменот на културата, на образованието и наука , млади и спорт успешно се одвива и тоа не е ништо ново.

„Но политичките елити ги создаваат проблемите. Нам никој не може да ни го загрози идентитетот, ниту јазикот ниту историјата. Проблемот со ветото не постоеше, туку некој тоа го предизвика. Во Република Северна Македонија никогаш не постоел говор на омраза кон Бугарите“ вели министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа верува дека ќе надвладее разумот и дека ветото овој пат ќе биде кренато.

Во однос на меѓународната политика во доменот на културата Костадиновска-Стојчевска, истакнува дека за прв пат министерството за култура е вклучено во стратешкиот дијлог со САД, и тој опфаќа размена на искуства, добри практики и други можности за соработка.

Со министерката за култура беа отворени и други значајни теми од културата, но и од сферата на политиката и меѓународните односи.

Во делот на активностите, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Министерството за култура работи на заштита на културното наследство како што се обичаите од Галичка свадба, затоа што и тоа е културно наследство како што се охридските бисери, како што е Матејче, Небрегово.

Само така, вели министерката, ќе го зајакнуваме чуството на македонскиот идентитет кој некој се обидува да ни го негира.

„Јас како министерка нема да го повторам она што се случуваше со градењето на „Скопје 2014“ кога се спушти заштитата на оние објекти кои беа од монументално значење за да изградиме нешто што денес се распаѓа.“, нагласи министерката.

Костадиновска Стојчевска потенцира дека изминативе пет години преку низа конкретни чекори покажана е вистинска грижа за заштита и унапредување на македонскиот јазик со носење и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.

Љубиша Николовски

Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

Next Post

Претседателот на Европскиот Совет, Мишел го поддржува Отворен Балкан: Колку повеќе земји се обединуваат, толку вашата економија станува посилна

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk