Фудбалерите на Милан со победата од 3:0 на гостувањето кај Сасуоло во последното коло од Серија А, по пауза од 11 години ја освоија шампионската титула.
? SIAMO NOI, SIAMO NOI, I CAMPIONI DELL’ITALIA SIAMO NOI! ?? ?#SassuoloMilan #SempreMilan#AlwaysWithYou pic.twitter.com/4tEngKpDzR
— AC Milan (@acmilan) May 22, 2022
Иако пред почетокот на сезоната, не им се даваа големи шанси на „росонерите“ за титулата, фудбалерите на Милан на најдобар начин ги демантираа скептиците и на крајот со 86 бода, два повеќе од градскиот ривал Интер, дојдоа до титулата.
Победата што им ја донесе титулата, „росонерите“ ја заверија уште во првото полувреме. Оливие Жиру со головите во 17 и 32 минута донесе предност од 0:2 на гостувањето кај Сасуоло, а конечниот резултат го постави Френк Кеси во 36 минута.