ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Божиновска: ДКСК да постапи по незаконското поставување на Велковски за секретар на Град Скопје

Уште еднаш се докажа дека освен груба партизација на градската администрација, Арсовска ништо друго не работи. ВМРО-ДПМНЕ не се менува, продолжува со истата режимска матрица, продолжува да ги прекршува законите и да работи на штета на граѓаните“, рече Божиновска.

May 23, 2022 13:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Огромен скандал е назначувањето на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје од страна на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Поставувањето на Велковски на оваа позиција е очигледно прекршување на законите, односно спротивно на член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Велковски во исто време е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен надомест од околу 18.000 денари, рече на денешната прес конференција Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, што значи дека Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите.

Велковски мора или да биде разрешен од функцијата Секретар на Град Скопје или да го врати советничкиот мандат, а Арсовска мора да одговара за ваквото незаконско и самоволно постапување.

Уште еднаш се докажа дека освен груба партизација на градската администрација, Арсовска ништо друго не работи.

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, продолжува со истата режимска матрица, продолжува да ги прекршува законите и да работи на штета на граѓаните“, рече Божиновска.

Next Post

Вучиќ-Хил: САД го подржуваат Отворен Балкан и ќе помогнат во негов побрз развој

НАЈНОВО

Фото: Народна банка

Славески: Инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%

September 1, 2025

Северна Македонија падна за четири места на Глобалниот индекс за мир

September 1, 2025

Американскиот Стејт департмент воведе построги визни ограничувања за Палестинците

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk