ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Од почетокот на агресијата руската армија изврши 1.474 ракетни и 3.000 напади со авиони и хеликоптери (ВИДЕО)

May 24, 2022 16:53
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето обраќање нагласува колку е тешко и по која цена Украинците се бранат од руската агресија. Тој нагласува дека од почетокот на агресијата руската армија извршила 1.474 ракетни напади врз Украина, користејќи 2.275 различни ракети. За помалку од три месеци, вели Зеленски, има повеќе од 3.000 воздушни напади од руски авиони и хеликоптери.

Обраќањето го пренесуваме во целост

„Секојдневно, обраќајќи му се на нашиот народ, нагласувам колку е тешко и по која цена се  браниме од руската агресија. Окупаторите водат многу брутална војна против нас. Таква војна на европскиот континент навистина немало веќе 77 години. Тотална војна, кога непријателот се обидува да уништи што повеќе луѓе и инфраструктура.

Завршена е анализата на урнатините во Десна во Чернигивската област. 87 загинати. А тоа беа само четири ракети.

Вкупно, од 24 февруари руската армија извршила 1.474 ракетни напади врз Украина, користејќи 2.275 различни ракети. Огромното мнозинство – на цивилни објекти. За помалку од три месеци има повеќе од 3.000 воздушни напади од руски авиони и хеликоптери. Која друга земја издржа толкав обем на удари?

Секој пат кога ќе им кажеме на нашите партнери дека ни треба модерно противракетно оружје, модерни борбени авиони, ние не упатуваме само формално барање. Велиме дека нашето барање е вистински живот на многу луѓе кои немаше да загинат доколку го добиевме сето оружје што го бараме.

Инаку, денес, разговарајќи со учесниците на форумот во Давос, кој ја започна својата работа, зборував вклучително и за ова. За потребата да ѝ се обезбеди на Украина сè што ѝ е потребно за спасување на животите на нашиот народ.

Сите наши партнери се согласуваат со тоа дека борбата на Украина во војната против Русија е заштита на заедничките вредности на сите земји во слободниот свет. Нашата заедничка слобода. И ако е така, тогаш имаме право да сметаме на целосна и неодложна помош, пред се со оружје.

Секое меѓународно преговарање, секое обраќање до парламенти или друга странска публика е задолжително поврзано со оваа тема.

И јас сум им благодарен на сите оние партнери кои ни помагаат и ни го обезбедуваат потребното оружје и муниција за да ја надминеме таа предност, пред се во количината на техника и оружје што ги има руската армија.

Најтешка борбена ситуација денес е во Донбас. Бахмут, Попасна, Северодонецк – во оваа насока окупаторите концентрирале најголема активност досега. Тие направија масакр таму и се обидуваат да ги уништат сите живи суштества. Буквално. Никој не го уништи Донбас така како што тоа го прави тоа сега руската војска.

И јас сум им благодарен на сите наши војници кои ги држат своите позиции и имаат храброст за контранапад.

Денес во Кијив, во Маринската палата, во Белата сала на Хероите на Украина, го доделив Орденот Златна ѕвезда. На војници, како и на роднини на оние наши Херои на кои постхумно им беше доделена оваа награда.

Вклучително, на сестрата на морнарот Виталиј Скакун. Тој бил инженер за деминирање во 137-от одделен поморски баталјон на 35-та посебна морска бригада именувана по контраадмиралот Михаило Остроградски. Загинал додека извршувал борбена мисија во јужна Украина. Благодарение на неговата храброст и херојство, успеавме значително да го одложиме налетот на непријателските сили што преовладуваа и да спасиме стотици животи на нашите војници.

Во оваа војна, и од 24 февруари и од 2014 година, маринците се покажаа како исклучително храбри. Тие беа меѓу оние единици кои херојски го бранеа Мариупол. Тие учествуваа во многу важни битки.

И денес, на Денот на маринците, изразувам искрена благодарност до сите оние кои ја бранат државата во овие трупи.

Руските окупатори многу се трудат да покажат дека нема да се откажат од окупираните делови на Харкивската област. Тие нема да ја дадат Херсонската област, окупираната територија на  Запорижската област и Донбас. Некаде доаѓаат. Некаде собираат резерви. Некаде се обидуваат да ги зајакнат своите позиции.

Следните недели од војната ќе бидат тешки. И ние мора да бидеме свесни за тоа. Но, немаме друга алтернатива покрај тоа да се бориме. Да се бориме и да победиме. Да ја ослободиме нашата земја и нашиот народ. Затоа што окупаторите сакаат да ни одземат не само нешто, туку се што имаме. Вклучувајќи го и правото на живот за Украинците.

Меѓутоа, за да победиме, мора – секој и секоја – да работиме за тоа. Вклучително и оние во задниот дел. Помогнете и на армијата. Заштитете ги потребите на нашата држава во сите меѓународни платформи до кои имате пристап, во комуникација со странски новинари, дури и само со вашите пријатели и познаници во странство. Секој глас е важен.

Денес, како и секој ден, работев на зголемување на притисокот врз Русија. Нашите претставници во Давос работат на тоа да ѝ дадат на Украина поголема финансиска и хуманитарна поддршка. А за сите дипломати на нашата држава апсолутен приоритет е оружјето и муницијата за Украина.

Вечерта потпишав указ за наградување на нашите војници. На 161 воено лице на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди. Од нив 42 се постхумни.

Вечен спомен на секој и секоја што ги дадоа своите животи за Украина!

Вечна слава на сите кои ја приближуваат нашата победа!

Слава на Украина!“, истакна украинскиот претседател Зеленски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ФОТО) ОФФест раскошно звучно богатство

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета

June 24, 2025

Сојузна судијка ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти кои се запишуваат на Харвард

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk