Мохамед Салах потврди дека „сигурно ќе остане следната сезона“ бидејќи шпекулациите за неговата иднина продолжуваат да растат со нов договор кој сè уште не е потпишан со Ливерпул, јавува This Is Anfield.
Иднината на Египќанецот многу се дискутираше во текот на целата сезона без сè уште договорено продолжување и со неговиот актуелен договор што истекува во 2023 година.
Преговорите за договорот се одолговлекуваат веќе неколку месеци, но Салах долго време инсистираше на тоа дека „воопшто не се работи за пари“.
И останувањето на Килијан Мбапе во ПСЖ повторно поттикна шпекулации за иднината на Салах, при што Реал Мадрид беше подготвен да потроши пари за нов напаѓач.
Но, за време на последната прес-конференција во средата пред Лигата на шампионите, Салах инсистираше на тоа дека ќе биде Црвен следната сезона, прашан за моменталната ситуација околу неговиот договор.
Во моментов не се фокусирам на договорот, вели Салах.
„Воопшто не сакам да бидам себичен, дури и го кажав тоа пред околу два месеци. Сега се работи за тимот, ова е навистина важна недела за нас и јас сум фокусиран само на тимот.
Сакам повторно да ја освојам Лигата на шампионите и сакам да го видам Хендо како повторно го има трофејот во свои раце и се надевам дека ќе ми го подари потоа! Јас сум само фокусиран на тимот, не сакам да зборувам за договорот сега бидејќи имаме долго време.
Сигурно останувам следната сезона, тоа е јасно. Останувам следната сезона, па да видиме потоа“, рече Салах.
Тоа се зборови кои ќе смират многумина во Ливерпул во однос на следната сезона, но останува надежта дека неговото продолжување на договорот ќе биде навремено среден.
Ј. Ѓ.