ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања

May 26, 2022 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир,  Бесими нагласи дека очекува Собранието во наредните денови да закаже пленарна седница за ребалансот.

-Со ребалансот се дава одговор на кризата. Мерките што се најавени, се гледаат. Зошто одиме со овој ребаланс и што сакаме да постигнеме – требаше да се адресираат сите потребни прашања меѓу кои и дополнителни средства за кризата за мерки за ранливите категории, кои ќе бидат привремени зависно од потребите, но и да се одржат политиките што ќе значат зачувување на растот. Бидејќи трошоците значително се зголемија и дефицитот се зголемува за 150 милиони евра. При тоа со ребалансот има и околу 13,4 милијарди денари кратења, но во исто време има и додавања, истакна Бесими.

Тој потенцира дека тоа што е ставено во Предлог – ребалансот на буџетот, се очекува и да се реализира.

Според него, како што е договорено на Влада, се крати во сите институции по 10 отсто за трошоци што се неприоритетни, односно кај расходите за стоки и услуги, како што се расходи за ситен инвентар, мебел, возила, а се врши и реприоретизација во однос на динамиката на реализација на некои проекти. Зголемувања, потенцира, има во социјалата и земјоделството, а предвидени се и 76 милиони евра за антикризни мерки.

Патните трошоци, објасни Бесими, не се однесуваат на инстутициите, туку се кај Службата за општи заеднички работи наменети за бегалци и раселени лица од кризата во Украина и Авганистан.

Министерот информира дека во наредните недели ќе има конечен документ во однос на финансирањето. -Планирано е делумно финансирање од ММФ, делумно финансирање за проектите од меѓународните финансиски институции, како и делумно од ЕУ преку ИПА програмите или Рамката за Западен Балкан. Делумно ќе се финансира со задолжување во земјата и на странските пазари. Имаме околу 200 милиони евра отплата на претходен долг, рече Бесими./MИА/.

Next Post

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk