ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Трајаноски: Квазинеутралноста на „Заедничка Македонија“, ГРОМ, ДПСМ и Левица е симптом за руско влијание

May 26, 2022 18:18
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

Во анализата за Независен весник, „Слонот, глушецот и митовите за „неутралноста“ на Македонија”, Жарко Трајаноски ги разобличува митовите дека Македонија треба да биде неутрална, кои по руската воена агресија во Украина се шират како печурки по дожд, особено на социјалните мрежи.

Откако укажува дека се помалку земји се неутрални во врска со руската инвазија врз Украина, Трајаноски констатира дека никој не застапува позиција на швајцарска неутралност на Македонија, како на времето Ванчо Михајлов.

„Историски гледано, швајцарската политика на неутралност како решение за Македонија беше застапувана од страна на поранешниот лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов, кој тврдеше дека „Македонија треба да стане Швајцарија на Балканот“! Но ниту Михајлов не беше неутрален за време на Втората светска војна (воено соработуваше со нацистите), а ниту ВМРО-ДПМНЕ (која тврдеше дека го продолжува континуитетот со ВМРО на Ванчо Михајлов) не застапува воена неутралност. Иако некои членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно изразуваа воодушевеност од политиката на неутралност на Вучиќ, досега никој отворено не се залага за воена неутралност како онаа на Ванчо Михајлов, ниту пак за кантонизација на Македонија по примерот на Швајцарија”, забележува Трајаноски.

Трајаноски ја разобличува и квазинеутралноста на „Заедничка Македонија“, ГРОМ, ДПСМ и Левица.

„На денот на воената агресија врз Украина, лидерот на македонскиот клон на партијата Единствена Русија, Јанко Бачев, се залагаше за „неутрална политика во однос на Украина“ и ширеше дезинформации за наводната неутралност на Турција. Истовремено, Бачев ја оправдуваше „руската интервенција“, што секако не е неутрална, туку лицемерна позиција. И лидерот на проруската партија ГРОМ, во интервју за руското пропагандно гласило „Спутник“, во 2017 се фалеше дека нема друга партија во Македонија која заговара Македонија да биде воено неутрална зона. Но и Стевчо Јакимовски не остана воопшто неутрален во однос на руската воена агресија во Украина, туку се покажа како пропаганден спинер кој се обиде вината за руската агресија да ја префрли на „комичарот Зеленски“.” вели Трајаноски.

Тој потсетува дека идејата за „воено неутрална Македонија“ беше составен дел од Путиновата „иницијатива“ во 2016 за создавање воено неутрална територија на Балканот, која ја потпишаа некои политички партии од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија.

„Како што укажа и Стево Пендаровски како национален координатор за НАТО во 2018 – „Главната цел на Русија беше да направи појас од четири држави кои би биле воено неутрални за да го спречи ширењето на НАТО и ЕУ кон регионот“. Руската стратегија на неутралност за да се изолира Балканот од западно влијание не успеа, но руската пропаганда за „воено неутрална Македонија“ продолжува и откако Македонија стана членка на НАТО.” Потписник од Македонија на руската иницијатива за неутрален појас од балкански држави беше партијата ДПСМ на Иван Стоиљковиќ, еден од тројцата пратеници кои гласаа против Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Другите двајца пратеници кои гласаа против декларацијата за осуда, поддржана од 100 пратеници, беа од Левица, чиј претставник тврдеше дека „клучен интерес на Македонија, како мала држава, е во вакви конфликти на големи сили да задржи неутралност“, нагласува Трајаноски.

Но, како што заклучува Трајаноски, „и самата Левица воопшто не задржа неутралност во однос на конфликтот, туку го покани рускиот амбасадор во Собранието, афирмирајќи ја терминологијата на Кремљ дека руската инвазија во Украина е всушност „специјална воена операција“ и дека целта била „денацификација“.

И партиското гласило на Левица, „Антропол“, кое божем промовира неутралност, воопшто не е неутрално, туку шири руска милитантна и империјалистичка пропаганда преполна со дезинформации и лажни вести за војната во Украина, се констатира во анализата.

Според Трајаноски, квази-неутралците се симптом на руско влијание.

„Накусо, повеќето политички приказни за воена неутралност на Македонија, се симптом на руско пропагандно влијание во регионот. Целта на „моралните“ и политички приказни за неутралноста е да го оправдаат правото на воено посилниот и да го дефокусираат вниманието на јавноста од страдањата на жртвите од дивеењето на рускиот слон во украинските степи”. “Квази-неутралците ќе ве убедуваат дека рускиот слон е мирољубив и питом, дури и ако го ставите во продавница за порцелан. Но по три месеци руска воена инвазија врз Украина, што би кажале за ваквата „неутралност“ десетиците илјади цивилни жртви, кога би можеле да зборуваат? Што би кажале за ваквата бесчувствителност стотиците илјади со разурнати домови? Што би кажале неколкуте милиони бегалци од Украина? Колку повеќе докази за илјадниците воени злосторства во Украина излегуваат на виделина, толку ќе им е потешко на квази-неутралците да обезбедат веродостојност за нивните приказни за „неутралноста“, заклучува Трајаноски во анализата

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk