ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Оваа Влада ги зголеми платите на вработените во градинките за 36% и изгради 69 градинки од 2017 година до денес

May 26, 2022 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

„Од 2017 година и направената анализа на состојбата во градинките, утврдена е очајна состојба .  Се утврди недостаток на околу 2000 работни места, а најголем дел од тие што работеа во нив, беа вработени со Договор на определено време. Сите тие со доаѓањето на оваа Влада, добија решенија на неопределено време. Од 2018 -2022година, вкупно оваа Влада има дадено согласности за вработување на 2385 лица,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со вработени во градинките.

Таа посочи и дека Министерството за труд и социјална политика има доставено барања за согласности до Министерството за финансии што ќе претставува зголемување на бројот на вработувања, особено кај што има пензионирања, трајни откази и нови капацитети.

Министерката се осврна и на платите на вработените во градинките, кои во 2019 година оваа Влада ги зголеми  за 21% , а со новата спогодба со СОНК дополнително платата на воспитувачките и негувателките ќе биде зголемена за 15% , што претставува зголемување за 36% зголемена плата во 2022 година. За разлика од времето кога ВМРО -ДПМНЕ беше на власт, кога платата на вработените во градинките беше зголемена  за само 4%.

Таа рече  дека сите вработувања во градинките се на товар на државата, на Министерството за труд и социјална политика, како и материјалните трошоци. Како и дека со ребаланс на Буџетот се предвидени и зголемувања на блок дотациите на материјалните трошоци, затоа што оваа Влада има слух и ја зема предвид состојбата на економска и енергетска криза со која сите се соочуваме.

Исто така, се зголемуваат блок дотациите и за нови вработувања се со цел опфат на што поголем број на деца во предучилишните установи.

„Од почетокот на 2017 година до денес имаме изградено 69 детски градинки, со опфат на 4300 деца. Во тек е изградбата на 28 градинки, од кои 13 ќе бидат отворени до крајот на оваа година и со тоа ќе се зголеми опфатот на нови 1360 деца. До крајот на 2023 година ќе бидат завршени уште 15 нови градинки, и зголемен опфат за нови 1905 деца. Ова е потврда колку се инвестира во детската заштита,“ рече Тренчевска.

Next Post

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ-ОА е уште една афирмација на македонскиот идентитет

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk