Среде тековната руско-украинска војна, видеото од чеченскиот лидер и сојузник на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, стана вирално на социјалните мрежи, каде што се гледа како се заканува на Полска, пренесува NDTV.
Poland, Ramzan Kadyrov has set his eyes on you
(with subtitles, including all 'dons' for purposes of accuracy) pic.twitter.com/nSOq9BNQjn
— Francis Scarr (@francis_scarr) May 25, 2022
На видеото објавено на Твитер може да се види Кадиров како вели дека „прашањето за Украина е затворено“, а следно е Полска.
По Украина, ако ни се даде команда, за шест секунди ќе ви покажеме за што сме способни, вели Кадиров во видеото.
Тој потоа вели дека земјата треба да си го врати оружјето. Полска е една од земјите во Европа која и достави на Украина голем број оружје за да се одбрани од руската инвазија.
Рамзан Кадиров се осврнува и на инцидентот што се случи на почетокот на овој месец кога рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев беше нападнат со црвена боја на Денот на победата, кој ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Ја упатува Полска да моли за прошка.
Молете, официјална прошка за она што му го направивте на нашиот амбасадор, вели Кадиров.
Синот на лидерот за независност на Чеченија, кој ја смени страната за да им се придружи на Русите, Рамзан Кадиров е обвинет за кршење на човековите права во Република Чеченија.
Кадиров ја поздрави инвазијата на Путин на Украина и веднаш испрати сили таму. Тој рече дека во средината на март околу 1.000 негови луѓе биле таму. Не постои начин да се потврди бројката.
М. А.