Делегацијата на СДА на Македонија, предводена од претседателот Џелал Хоџиќ, присуствуваше на прославата на 32-годишнината од основањето на СДА, во Сараево, во хотелот „Холидеј“, известуваат од СДА.
Како што информираат, на Свечената седница на Главниот одбор на партијата, пред присутните се обрати претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.
Претседателот на СДА на Македонија, Џелал Хоџиќ присуствуваше и имаше поздравно обраќање на Конвенцијата на Здружението на млади на СДА на БиХ, на која за претседател беше избран г. Харис Шабановиќ.
На крајот на денот, Хоџиќ гостуваше во програма во живо со Далила Омеровиќ, на телевизијата Хајат.