ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Заедничка прес конференција на Османи и Кулеба: Слободата на сите европски земји денес се брани во Украина

May 27, 2022 14:41
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, додавајќи дека нашата држава од почеток се приклучи кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Како што соопшти МНТА, централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

– Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност, се додава во соопштението.

Украина се надева дека Северна Македонија ќе ги признае руските злосторства како геноцид врз украинскиот народ. Македонците, како никој друг во Европа, веројатно разбираат што значи да се биде понижен за нивниот идентитет, изјави Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на заедничката прес конференција со Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османо, пренесува Интерфакс Украина.

„Би сакал да изразам надеж дека Парламентот на Северна Македонија ќе донесе одлука за признавање на руските злосторства во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Бујар [Османи] наутро го посети градот Ирпин и виде што се случувало. Македонците, веројатно како никој во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, за својот јазик, за својата култура. Токму тоа го доживуваме сега. Русија не ја мрази само соседната држава Украина, Русија го уништува украинскиот идентитет, го мрази и сака да го уништи украинскиот јазик, таа сака да ја уништи Украина“, рече Кулеба на заедничката прес конференција.

Османи и Кутлеба разговараа и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика.

За време на својата посета во Киев, министерот Османи ја реотвори Амбасадата на земјава во Украина со што таа е ставена во полна функција.

– Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава, изјави Османи.

Next Post

Свиленски: Бугарските социјалисти не го променија ставот во однос на Северна Македонија

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk