ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сè уште нема документ прифатлив за двете страни за кревање на бугарското вето

May 28, 2022 07:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште нема документ прифатлив за двете страни што ќе биде основа за кревање на ветото од страна на Бугарија. И, додека евроамбасадорот во земјава изразува високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ,  дел од домашните политички актери сметаат дека ветото ќе остане уште долго време.

Односите со Република Северна Македонија, беа главна тема на и синоќешниот тричасовен вонредниот коалициски совет на партнерите од бугарската Влада, кој што се одржа на барање на премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Петков, Лена Бориславова по завршувањето на коалицискиот совет, изјави дека коалицијата имала конструктивен дијалог на оваа тема, која, според неа, е исклучително важна за бугарското општество и затоа задолжително ќе помине низ Националното собрание на Бугарија.

Сè уште нема документ прифатлив за двете страни што ќе биде основа за кревање на ветото од страна на Бугарија, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека почетокот на преговорите со ЕУ не зависи од Владата, туку од решавањето на отворениот спор со Бугарија и одлуката на 27-те членки на ЕУ.

Уште во експозето за формирање на оваа Влада, јас ниту во еден момент не се врзував за датум за почеток на преговорите, бидејќи тој датум не зависи од нас, туку од две страни, оти имаме отворен спор со Република Бугарија, која стави вето на почеток на преговори. И нормално, зависи од одлуката на ЕУ, односно од сите 27 членки. Така што, функционирањето и работата на една Влада, не може да се врзува со еден датум, којшто е како некоја отсечка во текот годината, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека нема информација за одржувањето на совет на бугарската владина коалиција на тема С Македонија, повторувајќи дека засега нема договор со Бугарија.

– Како што информиравме со бугарскиот премиер Петков по состанокот во Рим, сè уште нема документ прифатлив за двете страни, кој може да биде основа за отпочнување на преговорите со ЕУ, односно на кревање на ветото од страна на Бугарија, рече Ковачевски.

Високи надежи за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија за време на француското претседателство изрази евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, вчера на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.

Гир пред учесниците во конференцијата, која е дел од дебатите на Конференцијата за иднината на Европа, нагласи дека институциите на ЕУ се цврсто посветени на унапредување на процесот на проширување со земјите од  Западен Балкан и истакна дека исклучително ги ценат напорите што ги направиле сите страни за придвижување на овој процес.

– Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ. Западен Балкан е Европа, Западен Балкан природно и припаѓа на Европа и уверени сме дека во наш заеднички интерес е да го продолжиме процесот на проширување без натамошни одложувања, изјави Гир.

Известувачот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на истата конференција, напомена дека доколку ЕУ не се осврне на проширувањето кон Западен Балкан, тогаш место неа ќе се вклучат трети сили, бидејќи не постои вакуум простор во меѓународните односи и таков вакуум никој не толерира.

– Европа не треба да биде џуџе или едно од џуџињата во меѓународните односи, туку главен геополитички играч, рече Ќучук.

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, за спорот истакна дека Бугарија сака гаранции од земјава дека Договорот за добрососедство од 2017 година ќе биде почитуван.

Според Ангелов, бугарските барања за нивното малцинство во Албанија се исполнуваат, поради што немаат задршка да и дадат зелено светло на Тирана, но како што кажа, ќе видат дали во тој пакет ќе биде и Скопје.

Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, зборувајќи на трибината за „Предизвиците на македонската надворешна политика“ вчера во Скопје, истакна дека според него ветото на Бугарија ќе се повтори и на претстојниот јунски самит на ЕУ и порача дека јавноста треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Софија може да потрае во подолг временски период и дека заради тоа нема да ги почнеме преговорите со Европската унија.

– Јас отсекогаш верував дека за нас процесот на преговори за придружување на Унијата е исто толку, ако не и поважен од самиот чин на стекнување полноправно членство, затоа што во изминативе 30-тина години независност на Македонија се покажа дека за жал, не постои доволно силно изразена политичка волја да спроведеме која било суштинска реформа ако не постои поттик односно притисок од надвор, рече Црвенковски.

Единствено можно решение, според Црвенковски, за овој спор е „асиметрично“ толкување на историјата и идентитетските прашања, кои произлегуваат од неа, односно секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи.

–  Дали и кога, е такво нешто можно јас не знам. Но, она што сигурно го знам е дека треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања, рече Црвенковски.

извор: МИА
Next Post

Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk