ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангелоски: Да вложиме повеќе енергија за развој на регионална соработка

May 30, 2022 18:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да вложиме повеќе енергија за развој на регионална соработка, а истовремено да се искористи влијанието на Владата и другите институции за да дадат придонес кон забрзување на овој процес, кој доцни. За унапредување на регионалната соработка потребни се неколку круцијални реформи кои ќе обезбедат можности за брзо патување, односно брз проток на стоки и луѓе, како и дигитализација, која ќе ги олесни бирократските процедури и иновации. Тоа го истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Трајан Ангелоски на Скопје – економски и финансиски форум (СЕФФ), што се одржува денеска во Скопје каде говореше на панел дискусија посветена на перспективите кои произлегуваат од регионалната соработка и евроатлантските перспективи, информира МИА.

Ангелески објасни дека економската соработка во регионот почнува по војната на Косово, кога компаниите го стартуваат процесот на отворање на подружници во соседните земји.

Тој потенцираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ е важна во процесот на забрзување на регионалната соработка, поради што и треба да добие поддршка.

– „Отворен Балкан“ ги направи видливи предизвиците со кои се соочуваат компаниите кои се обидуваат да делуваат регионално, но истовремено нуди и решенија за нивно надминување и постигнување на економски развој во регионот. Во оваа смисла особено е важно подобрување на инфраструктурата, како што е на пример изградбата на железницата со Бугарија. Исто така потенцираме дека покрај тоа што веќе се воспостави зелен коридор за движење на товарни возила, таква можност треба да има и за движење на луѓе.Овие процеси на промени да добијат забрзана динамика, порача Ангелоски.

Тој, соопшти ССК, истакна и дека за компаниите е многу важно да го зголемат извозот во регионот бидејќи транспортните трошоци се многу пониски, а исто така и производите се препознатливи како брендови многу повеќе на пазарите во соседните земји, во споредба со подалечните пазари.

Покрај Ангелоски во панелот дискутираа претседателите на стопански комори од нашата земја, од регионот и пошироко како и истакнати бизнисмени од нашата земја, кои имаат меѓународно искуство во водење бизнис.

Next Post

Инфлацијата во Германија во мај речиси осум отсто

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk