Откако заврши судењето и Џони Деп доби отштета од 15 милиони долари, утврдено е дека Амбер Херд го клеветела Џони Деп.
– Разочарувањето што го чувствувам денес е без зборови. Срцето ми е скршено што планината докази сè уште не беше доволна за да се спротивставам на несразмерната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг, истакна Херд во врска со пресудата, пишува Би-Би-Си.
„Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Го враќа часовникот назад во време кога жената што зборувала и зборувала јавно може да биде посрамена и понижена. Тоа ја уназадува идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.
Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште сум потажна што се чини дека го изгубив правото што мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, истакна Херд во изјавата после пресудата.
И Џони Деп на социјалните мрежи го сподели неговото мислење.
View this post on Instagram
Тој напиша дека е почестен што после шест години судот му овозможил да го добие неговиот живот назад, бидејќи пред шест години, неговиот, животот на неговите најблиски, на неговите деца и на сите оние кои што го поддржувале, бил сменет.
Во судењето учествуваа многу сведоци од кои повеќето се познати личности. Деп е во Обединетото Кралство на претходно закажано работно патување, соопшти неговиот тим, и не присуствуваше на објавувањето на пресудата во неговата тужба против Херд.
подготви: M. M.