ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Лорковски: Северна Македонија е усогласена со европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

June 1, 2022 10:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи оствари средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, информираат владините служби.


На состанокот со директорот на Енергетска заедница, Артур Лорковски, кој на оваа позиција е поставен пред околу шест месеци, беа разговарани неколку теми поврзани како со актуелната енергетска криза, така и со реформите кои ние како држава ги преземаме.

Од страна на Вицепремиерот беше потенцирано дека нашата Влада на денешната седница ќе го усвои Планот за енергија и клима на Република Северна Македонија, и дополнително Министерството за економија за околу две недели ќе ги достави измените на Законот за енергетика на усвојување на седница на Влада, за потоа истите да бидат ставени во собраниска процедура.

Директорот на Енергетска заедница сподели информација дека Европската Комисија тековно работи на поставување на цели за обновливи извори, енергетска ефикасност и намалување на стакленичките гасови за 2030 година за земјите членки на Енергетска заедница, во согласност со Планот за декарбонизација усвоен од Министерскиот совет на Енергетска заедница во 2021 година.

Од страна на Вицепремиерот беше истакнато дека како што одминува времето и земајќи ги предвид случувањата во последните две години, станува се појасно дека постигнувањето на таргетите зададени со Парискиот договор, за транзиција од употреба на фосилни горива кон обновливи извори е предизвик за сите земји, и дека секако дел од нив ќе мора да претрпат одредени временски поместувања, но дека Северна Македонија останува посветена на оваа агенда.

Вицепремиерот се осврна и на големите енергетски проекти информирајќи го директорот на Енергетска заедница за статусот на проектите: Хидроелектрана Чебрен, АКУО енерџи како агриволтаична централа и ветерниот парк на германската ВПД. Директорот на ЕЕЗ го поздрави спроведувањето на овие проекти и оцени дека ова се охрабрувачки сигнали за Северна Македонија каде после подолго време се случува изградба на поголеми производствени енергетски капацитети кои истовремено ќе може да се користат и за балансирање на системот.

Вицепремиерот исто така го информираше директорот на Секретаријатот и за досега преземените активности на Северна Македонија во нејзино учество во изградбата на гасниот терминал Александропули, закупувањето капацитет, изградбата на гасната централа, како и интерконекторот со Грција кој на среден рок ќе гарантира диверзификација на изворите за снабдување со гас. Дополнително Вицепремиерот потенцира дека интерконекторот ќе биде изграден со најнапредна технологија со која ќе може да биде пренаменет за транспорт на хидроген кој е енергенсот на иднината.

На крајот на состанокот директорот на Секретаријатот резимираше дека главен приоритет на Енергетската заедница во моментов е основање и ставање во функција на регионален пазар на електрична енергија кој е едно од клучните решенија кои ќе обезбедат стабилно снабдување со електрична енергија на целиот балкански регион, и кое во исто време ќе допринесе кон постабилни цени на електричната енергија и подобро планирање на искористеноста на енергетските капацитети и интерконектори.

Next Post

Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk