ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нè очекува топло и сушно лето

Многугодишниот просек во период од 1981 до 2010 година, за температурите на воздухот во летната сезона се движеле од 16°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип и до 96,7 mm во Маврово.

June 1, 2022 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. На територијата на Република Северна Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, односно можат да достигнат и до 3°C, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи.

Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на целиот југоисточен регион на Европа може да има врнежи под просечните со веројатност која расте од северозапад кон исток.

Податоците за Северна Македонија покажуваат дека најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во август. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Во претстојната летна сезона, од УХРМ велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

Многугодишниот просек во период од 1981 до 2010 година, за температурите на воздухот во летната сезона се движеле од 16°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип и до 96,7 mm во Маврово.

За температурата на воздухот во истиот период, во Скопје за јуни, јули и август температурите се движеле 21.9°C, 24.2° и 23.9°C. Просечната количина на врнежи во Скопје, пак, од 1981 до 2010 година за јуни, јули и август изнесува 44.0 мм, 37.6 мм и 34.4 мм./MИА/.

Next Post

Портпаролот на грчко МНР: Северна Македонија и Албанија треба веднаш да започнат преговори со ЕУ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

October 25, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Платини се враќа со контранапад: „Ме саботираа за претседател на ФИФА!“

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk