ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе разгледува четири иницијативи

June 1, 2022 08:04
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат четири иницијативи.

Првата е во врска со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесена од Иван Лотески од Охрид. Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорените одредби се крши една од темелните вредности-владеење на правото, предвидена со член 8 став 1 алинеја 3. Според наводите во иницијативата се заобиколува Законот за општа управна постапка, се кршат основните слободи и права на граѓаните со тоа што доставувањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се навлегува во приватноста на странките, односно во личните предмети кои странките ги имаат во институциите.

Како што е најавено, на седницата ќе се расправа и по иницијативата во однос на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поднесена од Александар Бежовски, адвокат од Скопје, кој ги оспорува одредбите коишто се однесуваат на адвокатурата односно за адвокатите и адвокатските друштва од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Според наводите во иницијативата со оспорениот член 63 се оневозможува и се спречува адвокатурата да ги оствари основите на самото свое постоење и по Устав и по Закон загарантирани како самостојноста, тајноста, заштита на интересот на странката, чување на довереното од странката и давање на квалитетна правна помош.

За иницијативата која Уставниот суд треба да ја разгледува во однос на Колективниот договор на МВР подносителот Нехат Лужа од Скопје смета дека делот од оспорената одредба:„Доколку работникот одработи повеќе од 32 часа прекувремена работа во месецот, за останатите часови користи исклучиво слободни денови”, се спротивни на членовите 116 и 117 од Законот за работни односи со кои законодавецот ја ограничил горната граница до која можел еден работник да се ангажира на работа и тоа 40 часа редовна работа плус 8 часа прекувремена работа во неделата, односно 190 часа прекувремена работа во текот на годината.

На денешната седница Уставниот суд ќе ја разгледува и иницијативата поднесена исто така од Нехат Лужа од Скопје за ставовите 2, 3, 4, 5 и 6 од член 9 од Правилникот за членување, права и обврски на членот и престанување на членството во Македонскиот полициски синдикат од 06.03.2020 година.

Според подносителот на иницијативата оспорените одредби се спротивни на член 20 став 2 од Уставот. Се наведува дека неосновано се условува истапувањето на секој член со пропишување на услови и рокови кои требало да се исполнат, односно да се поминат. /MИА/.

Next Post

Кулеба го повикува Макрон да ја посети Украина пред завршувањето на француското претседавање со ЕУ

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk