Судот донесе одлука за случајот за клевета што го покрена Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, пренесува „NBC News“.
Поротата почна да расправа во петокот. Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари откако таа напиша есеј за Вашингтон пост во 2018 година во кој рече дека преживеала семејно насилство. Херд го тужеше Деп за 100 милиони долари.
Џони Деп доби отштета од 15 милиони долари. Утврдено е дека Амбер Херд го клеветела Џони Деп, објави Вашингтон Пост.
Во судењето учествуваа многу сведоци од кои повеќето се познати личности. Деп е во Обединетото Кралство на претходно закажано работно патување, соопшти неговиот тим, и не присуствува на објавувањето на пресудата во неговата тужба против Херд.
подготви: M. M.