ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

НАСА нарача нови скафандери за на МВС и Месечината

June 2, 2022 09:41
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) вчера објави дека нарачала од две компании – „Аксиом спејс“ и „Колинс аероспејс“ да развијат стандардни вселенски скафандери што идните астронаути ќе ги носат на Месечината. Тие ќе се користат и за Меѓународната вселенска станица (МВС), а ќе ги заменат сегашните коишто се во употреба веќе 40 години.

– Во оваа облека ќе се пишува историја, бидејќи ќе ја носи и првата личност, која не е белец и првата жена што ќе стапне на Месечината, изјави директорка на вселенскиот центар Џонсон, Ванеса Вајч.

НАСА првично планираше сама да развие нови костуми, но тоа беше одложено, а одлуката да го довери трудот на две компании потврдува дека Агенцијата, како и последниве години, систематски се одлучува за јавно-приватно партнерство.

– Тоа ни овозможува да заштедиме пари бидејќи ги споделуваме влоговите, рече Вајч.

Детали од договорот сѐ уште не се откриваат, но програмата има горна граница од 3,5 милијарди долари за услугата што ќе се дава до 2034 година. НАСА го задржува правото да избере само една од двете компании, или да се определи за двете, па дури и да додаде други. Но, компаниите ќе останат сопственици на оделата и ќе бидат одговорни за нивното одржување.

„Аксиом спејс“, којашто со „Спејс-Икс“ веќе испрати „вселенски туристи“ на МВС со приватно летало, планира да изгради и сопствена вселенска станица, па секако ќе има потреба од вселенски скафандери.

– Планиравме да го направиме костимот како дел од нашата програма, па затоа е фантастично да се искористи долгогодишното искуство на НАСА, изјави шефот на „Аксиом“, Мајкл Сафредини.

НАСА опиша поголем број потреби и барања, како за комбинезоните за на Месечината, така и за „модната линија“ за патувањата во Ниската Орбита на МВС. Целта, меѓу другото, е на оние кои ќе ги носат костимите да им се овозможи „што е можно поголема подвижност“, како што нагласи Ден Бербанк од „Колинс аероспејс“, инаку и самиот поранешен астронаут.

Двете компании имаат намера да ги исполнат сите услови до 2025 година, кога се планира „Артемис 3“ – повторното слетување на луѓе на Месечината. /МИА/

Next Post

Без вода повеќе улици во Кисела Вода

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk