ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Тамила Велковска: После 100 дена од агресијата врз Украина, на сите им е јасно дека Путин не постигнал ништо од планираното

Моментално путиновата војска се обидува да го разруши тоа што не успеала да го заземе, истовремено со тоа сака да го заплаши и да го депримира населението. Но едно да им е јасно: колку што ја уништуваат Украина, уште повеќе ја уништуваат и самата Русија, истакна Тамира Велковска.

June 3, 2022 13:55
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Тамила Велковска, претставник на Меѓународниот штаб за помош на Украинците и член на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“. Фото: Фронтлајн

Тамила Велковска, претставник на Меѓународниот штаб за помош на Украинците и член на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Навршуваат 100 дена од почетокот на руската агресија врз мојата татковина. За тоа време агресорот неколку пати ја менуваше својата декларирана цел на овој брутален неоправдан напад, изјави за ФРОНТЛАЈН Тамила Велковска, претставник на Меѓународниот штаб за помош на Украинците и член на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Првично тоа беше денацификација и демилитаризација, односно експресно заземање на главниот град и големи градови во Украина на начин како што тоа им успеало во 2014 со Крим. Но кога така наречениот блиц-криг не успеал, агресорот морал да ги смени декларираните цели. Тука спаѓа намалување на влијанието на НАТО и наводно пронајдените биолошки лаборатории и ослободување на украинските територии од нацисти. Но ниту една од изнесените цели не може да оправда безумна агресја насочена кон украинскиот народ, освен таа што не сакаат јавно да ја изнесат, но е вистинита – сакаат Украина да не постои, како и нејзиниот народ, јазик и култура, рече Велковска.

Тамила Велковска истакна дека најактивните борбени дејствија се водат во Луганскиот регион околу градот Северодонецк. И вакви „успешни борбени дејствија“, како што рече Велковска, се проследени со огромни руски загуби, кои изнесуваат над 30 илјади само во жива сила, над 200 авиони и илјадници единици борбена техника.

После 100 дена од сеопфатната агресија врз Украина веќе на сите им е јасно дека Путин не постигнал ништо од тоа што го планирал. Не му успеа да го заземе ниту Киев, ниту Чернигив, ниту Одеса, ниту Харков. Руските трупи успеале да заземат единствен регионален центар – Херсон, како и неколку помали градови како што е Мариупол, и тоа после 80 дена опсада и целосно уништување. Зафатен е копнен пат помеѓу окупираниот Донбас и Крим. Најактивните борбени дејствија се водат во Луганскиот регион околу градот Северодонецк. И вакви „успешни борбени дејствија“ се проследени со огромни руски загуби, кои изнесуваат над 30 илјади само во жива сила, над 200 авиони и илјадници единици борбена техника. Загуби кои веќе ги надминале сите вкупни загуби на Русија во сите војни кои ги водела во текот на последните години. Се намали руското влијание насекаде, вклучувајќи ги и меѓународни организации, културата, и спортот, населението почна да ги чуствува резултатите од економските санкции, рече Велковска.

Руската армија сметала на дочек со цвеќе и лесно освојување на украинските територии, но наместо тоа наиде на жесток отпор насекаде каде се обиде да влезе, изјави Велковска.

Кремљ постигна контраефект и во желба да го тргне НАТО од своите граници, бидејќи во желба да се заштитат од Русија, дури и традиционално неутрални земји Финска и Шведска побараа да станат членки на Алијансата. Руската армија сметала на дочек со цвеќе и лесно освојување на украинските територии, но наместо тоа наиде на жесток отпор насекаде каде се обиде да влезе, дури и на приврмено окупирани територии се води активна партизанска војна, се уништуваат окупаторите и колаборантите, им се дава на знаење дека се непожелни и дека украинците до крај ќе се борат за својата земја и слобода, рече Велковска.

Велковска потенцираше дека најподлото злосторство од страна на Руската Федерација е присилна депортација на украинските граѓани и нивното раселување во далечни региони.

Од почеток на сеопфатната инвазија од руските сили биле заземни 3.620 населени места, од кои веќе 1.017 се ослободени. Најподло злосторство од страна на Руската Федерација е присилна депортација на украинските граѓани и нивното раселување во далечни региони. Околу 1,4 милиони Украинци се присилно депортирани во Русија, меѓу кои се и 230 илјади украински деца, што е насочено на уништување на украинската нација преку намалување на нејзиниот генофонд!, рече Велковска.

Моментално путиновата војска се обидува да го разруши тоа што не успеала да го заземе, истовремено со тоа сака да го заплаши и да го депримира населението. Но едно да им е јасно: колку што ја уништуваат Украина, уште повеќе ја уништуваат и самата Русија, истакна Тамира Велковска.

Секој ден продолжуваат ракетни напади и бомбардирања на населени места низ целата Украина. Моментално путиновата војска се обидува да го разруши тоа што не успеала да го заземе, истовремено со тоа сака да го заплаши и да го депримира населението. Но едно да им е јасно: колку што ја уништуваат Украина, уште повеќе ја уништуваат и самата Русија. Дали некој размислувал колку Русија ја чини еден ден воени дејствија во Украина? Според експертски проценки, тоа се околу 900 милиони долари дневно, пари коишто се украдени од руското население, многумина од нив се на перефиријата и се наоѓаат на работ на сиромаштија и живеат во мизерни услови, рече Велковска.

Таа изјави дека и Украина, несомнено, трпи огромни штети. Така за 100 дена на војната директните загуби на Украина се проценуваат на околу 600 милијарди $, од кои:

  • 105 милијарди $ се загуби од уништена инфраструктура.
  • над 44 милиони М2 станбени површини;
  • 23,8 илјади километри на патишта,
  • 6,3 илјади км железнички патишта
  • 41 железнички мостови,
  • 643 медицински институции,
  • 1123 образовни институции,
  • 19 трговски центри.

Но, најглавното и најтрагичното, Украина загуби десетици илјади човечки животи. ОН потврди информација за повеќе од 4.000 загинати украински цивили. Со тоа што не е познат број на загинати во привремено окупираните територии. Според проценките, во Мариупол број на жртвите може да биде и до 50 илјади лица, кои сега окупаторите ги закопуваат во масовни гробници или ги горат во мобилни крематориуми, истакна Велковска.

Денешните окупатори мора да се свесни дека тие кои денес ја уништуваат Украина, утре ќе треба да ја платат направената штета, а со оглед на се, и нивните деца, потенцираше Велковска.

Како и да е, после завршување на војната Украина планира брзо да ја обнови инфраструктурата и станбените капацитети со помош на меѓународни финансови институции и партнери. Во тоа време кога  Русија ќе биде принудена да плати репарации. Денешните окупатори мора да се свесни дека тие кои денес ја уништуваат Украина, утре ќе треба да ја платат направената штета, а со оглед на се, и нивните деца.

ШТО постигна Украина за овие 100 дена на херојската војна?

Денес можеме со сигурност да кажеме дека Украинците успеаа да ја одбранат својата независност. Иако постојат закани од повторни напади и постојано се бомбардираат големите градови, клучни за функционирање на државата, како што се Киев, Харков или Одеса, непријателот нема шанси за нивно заземање. Украина ја има поддршката од целиот цивилизиран свет, не само политичка, но и воена, и економска, и информативна, изјави Велковска.

Со оглед на позициите на владите на цивилираниот свет и јавно мислење, како што рече Велковска Украина може да се нарече безусловен победник во војната.

Денес оружјето кое е неопходно за одбрана на Украина пристигнува од повеќе од 90 земји. Истото се однесува и на економска и хуманитарна помош. Со оглед на позициите на владите на цивилираниот свет и јавно мислење, Украина може да се нарече безусловен победник во војната. Иако, мора да се признае дека фактичкиот крај на војната уште не се гледа. За жал, рече Велковска.

Таа истакна дека со славната Русија која традиционално се потенцираше како образец на култура и бранител на хуманизам, веќе е завршено. Таква Русија веќе не постои, и нема да постои. Има цинична, агресивна земја подготвена поради нејасни имперски амбиции да уништи се околу себе, но и себеси.

Украинците веќе никогаш нема да бидат исти како пред војната. Но ни светот. Војната не сплоти како нација, откри скриени резерви, го активира така наречениот национален код. Руската агресија ја освести и Европа и целиот свет. Се надевам дека и во Македонија, која дава огромна поддршка на Украина во овој тежок момент, многумина конечно ќе ја сфатат современата реалност и ќе признаат дека со славната Русија која традиционално се потенцираше како образец на култура и бранител на хуманизам, веќе е завршено. Таква Русија веќе не постои, и нема да постои. Има цинична, агресивна земја подготвена поради нејасни имперски амбиции да уништи се околу себе, но и себеси, рече Велковска.

Тамила Велковска, претставник на Меѓународниот штаб за помош на Украинците и член на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“. Фото: Фронтлајн

Сакам да нагласам, рече Велковска, дека Украина е земја која никогаш немаше претензии кон туѓи територии, ги нема ни денес, но дека низ целата своја историја се борела со агресори кои сакале да ја заземат и да ја покорат, и таа секогаш опстанувала. Ќе опстане и сега!

Јас верувам во победа на Украина,потенцира Велковска и уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите луѓе и институции во Северна Македонија кои во текот на овие најтрагични 100 дена за мојата татковина и даваат сестрана поддршка.

М. Ацковска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk