ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Транспарентноста и слободата на медиумите ја зголемија осетливоста на граѓаните против корупцијата и тоа е здраво за општеството

June 4, 2022 12:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против корупцијата не е прашање на еден човек, не е прашање на една институција, туку е прашање на храбри луѓе коишто се спремни да ја пријават корупцијата, но и прашање на институции кои се спремни професионално да ја завршат работата. Тоа е ланец на институции, Финансиска полиција, МВР, обвинителство, судство. Ако во целиот тој ланец една институција потклекне тогаш борбата против корупцијата е неефикасна, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Таа, во денешното гостување на Канал 77, додава додаде дека забележаниот напредок во Индексот на корупција на нашата држава за 24 места е резултат на мерките што Владата ги презема. За разлика од порано денеска не се молчи и за случаи во кои се вмешани и актуелни функционери, а можноста граѓаните послободно да зборуваат за ваквите прашања влијае на таквиот впечаток.

-Поголемата транспарентност што владата на СДСМ ја воведе како пракса, поголемата слобода на медиумите влијае на оваа перцепција. Креирањето на таква атмосфера ја зголеми осетливоста на граѓаните према корупција. Дополнително, од еден затворен систем што го имавме претходно, ние денеска имаме признанија за вина во судски случаи од целата гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ. Функционери на претходната власт признаа вина за незаконско работење и за фалсификување на избори и прашање е како го одржувале тој систем затворен сите години наназад, рече Грковска.

Таа информираше дека во Владата има отворена линија на која граѓаните може да пријават пропусти, проблеми, сомнежи за корупција и секое однесување за кое граѓаните сметаат дека е спротивно на позитивните законски прописи.

-Таа линија е активна, граѓаните секој проблем може да го пријават и врз основа на тоа ние го проследуваме тоа до надлежните институции и бараме да постапат. За тоа до Владата доставуваме извештај на Владата на секои три месеци, нагласи вицепремиерката Грковска.

Вицепремиерката додаде дека и во нејзиниот Кабинет во писмена форма стигнуваат пријави и за сите оние за кои ќе се оцени дека има сериозни укажувања или дека постои можност да има прекршување на одредени законски решенија се доставуваат до институциите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ОН: Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на руската инвазија

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk