Денес, 4 јуни 2022 година во Скопје се оддржа Петтиот Конгрес на НСДП на кој присуствуваа 426 делегати од вкупно 493. За нов претседател на НСДП е избран Горан Мисовски. Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња, соопштуваат од НСДП.
Оттаму информираат дека биле избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена. Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години, се наведува во партиското соопштение.
Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, со соопштение до медиумите вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.
Ј. Ѓ.