ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисовски не е единствен кандидат, и Кристијан Трајковски поднел кандидатура за претседател на НСДП

May 13, 2022 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По информациите кои проциркулираа во јавноста дека Горан Мисовски ќе биде единствениот кандидат за Претседател на НСДП, а кои беа демантирани од Претседателот во заминување Тито Петковски, денес преку својата нова фејсбук страница се огласи и долгогодишниот Организациски Секретар на партијата, Кристијан Трајковски.

Тој објави дека ја поднел својата кандидатура и Програма согласно Правилникот и дека сепак, како што вели, во НСДП ќе се одржи демократски натпревар за избор на следниот Претседател на партијата.

Соопштението на Трајковски го пренесуваме во целост.

„Изминативе седумнаесет години, заедно во НСДП ги делевме сите битки, тешкотии, но и успеси. Како еден од основачите, потоа преку сите скалила и функции низ мојот развој во партијата и конечно како Организациски Секретар на Новата Социјалдемократска партија, имав прилика да ги запознаам речиси сите членови и да разговараме за заедничките маки, но и нашата визија како да допринесеме до подобра живејачка во Северна Македонија.

НСДП секогаш била партија каде припаѓам и се пронаоѓам. Преку напорната работа и борбите кои ги водевме заедно со членовите, симпатизерите и поддржувачите, НСДП стана мојот дом. Денес, НСДП е моето проширено семејство во кое одлучив да ги вложам сите мои капацитети и знаење, моето срце и душа.

Одлуката на нашиот претседател Тито Петковски, да се повлече од својата функција ја примив со жалење. Тој пред нас постави огромни политички и хумани стандарди, но и ни остави одговорност за иднината на нашата држава и иднината на НСДП, без разлика кој ќе биде следниот претседател на партијата.

Затоа, одлучив да се кандидрам за Претседател на НСДП, кој ќебиде избран на петтиот Конгрес на партијата, на 04.06.2022. Согласно Правилникот, ја доставив мојата кандидатура и Програма во предвидениот рок пред органите на партијата.

Живееме во време на големи глобални ризици, економска несигурност и нестабилност. Денес, повеќе од било кога потребни се алтруизмот, солидарноста и социјалната грижливост на социјалдемократските и левите партии. Да им помогнеме на граѓаните да се издигнат од немаштијата и да ја насочиме државата кон прогресивните, западни демократски вредности. Тоа е зацртаниот пат на Северна Македонија и не смееме да дозволиме било какво отстапување. Нема да дозволиме политичкиот опортунизам, поделбите и омразата меѓу нашите сограѓани да се зголемува и продлабочува. Политички опортунизам и поделби од кои за жал не е лишена ниту нашата НСДП.

Сега на партијата и’ треба лидер кој ќе може да се исправи пред партиските, државните и меѓународните предизвици. Лидер кој ќе одолее на личните интереси и ќе остане посветен на идеологијата која нѐ поврзува, на нашата солидарност и бескомпромисна борба за правда.

Време е за нова енергија и нови луѓе, кои ќе градат врз темелите на наследството од минатото и ќе ја донесат НСДП во следната фаза од нејзината политичка еволуција.

Време е за прогресивна, обединета и гласна НСДП, која ќе биде сериозна лева опција на политичката сцена и ќе дејствува како строг чувар на социјалдемократските и човечките вредности, без разлика дали тоа ќе го прави од позиција на власт или опозиција.“, пишува Трајковски

Вчера, повеќе медиуми објавија партиско соопштение од НСДМ, во кое стои дека Извршниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на партијата го утврдил актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски.

„Извршниот одбор на НСДП на 26-тата седница одржана на 11 мај 2022 година врз основа на евидентираните предлози за претседател на НСДП од општинските организации, а согласно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за Петтиот Конгрес на НСДП, кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на НСДП, на Централниот одбор на НСДП кој ќе се одржи на 14.5.2022 година му предлага да донесе Одлука за утврдување на единствен кандидат за претседател на НСДП: – Горан Мисовски, потпретседател на НСДП. Предлог-одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа ЗА од вкупно 17 члена на Извршниот одбор“, се наведува во партиското соопштение.

Претседателот во заминување на НСДП, Тито Петковски, тврди дека Мисовски не е единствен кандидат.

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, тврди Тито Петковски.

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

Ј. Ѓ.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk