ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици (ВИДЕО)

June 4, 2022 15:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалувањето на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборен праг како и отворените листи имаат потенцијал да ја збогатат парламентарната дебата и да придонесат за намалување на поделбите меѓу граѓаните. Верувам дека тоа ќе придонесе за зголемување на демократската политичка култура и поголем ангажман на граѓаните во политичкиот процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на националната дебата за изборните реформи во државата.

На денешната дебата организирана од Институтот за европска политика, претседателот напомена дека изборните реформи се исклучително важно прашање што го дефинира демократскиот развој и амбиент буквално во секоја држава во светот.

-Мојот став со години наназад е дека на долг рок државата ќе биде подемократска држава ако повеќе политички субјекти бидат дел од еден подиверзификуван парламент. Тоа ќе значи дека повеќе граѓани ќе бидат претставени преку свои репрезенти во законодавниот дом, а во крајна линија тоа ќе придонесе не само за зголемена одговорност на партиите кон бирачите, туку и за враќање на довербата на граѓаните во институциите, додаде Пендаровски.

Тој напомена дека уште на почетокот на мандатот ја поддржал иницијативата на неколку политички субјекти за реформа на актуелниот изборен модел.

-Генерално, мојата поддршка беше за создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи, како и намалување на бројот на изборни единици на целата територија на државата. Во таа прилика ги повикав политичките партии од власта и од опозицијата да ја разгледаат можноста за изборна реформа и со политички консензус да постигнат договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде што граѓаните ќе имаат можност не само да избираат од политичките  партии, туку да избираат и кандидати, односно, личности, рече претседателот.

Инаку, според претседателот, едно исклучително важно прашање за натамошната демократизација на земјата – отворените листи на кандидати за пратеници, во сите досегашни дебати на оваа тема се неправедно потиснати во втор план во однос на прашањето за бројот на изборните единици.

Тој верува дека намалувањето на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборниот праг, како и отворените листи, имаат потенцијал прво да ја збогатат парламентарната дебата и да придонесат за намалување на поделбите меѓу граѓаните, но и дека тоа ќе придонесе за зголемување на демократската политичка култура и поголем ангажман на граѓаните во политичкиот процес од кои, за жал, тие се повеќе апстинираат како што годините одминуваат.

-Впрочем, една од одликите на секое слободно и демократско општество е токму способноста, конструктивно, низ институциите, да се справи со разликите и несогласувањата кои природно постојат меѓу нас. А клучната институција за таквите дебати е највисокиот дом на демократијата – Собранието на Северна Македонија, додаде Пендаровски.

Тој упати апел до сите учесници на денешнава и на сите идни дебати на оваа тема, а, посебно до оние кои во иднина ќе одлучуваат за промени во изборниот модел, при разгледувањето на можните опции да се водат, пред сé, од јавниот интерес и подобрата иднина за сите граѓани, а помалку од партиските или личните интереси. Затоа што во зрелите демократии, како што рече, никој не е вечно на власт. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Анчелоти пред „Ел Класико“: Не би рекол дека Барселона е фаворит

May 11, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025
Генерирано со ВИ

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk