ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Документите за упис во средно училиште првин ќе се достават електронски, а потоа ќе се носат и на увид

June 5, 2022 10:17
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година за прв пат документите за уписи во средно образование ќе треба да се поднесат во електронска верзија. Кандидатите тоа ќе можат да го сторат на e-uslugi.mon.gov.mk, на 16 и на 17 јуни. Освен свидетелствата од сите четири години во предметна настава, потребно е да се прикачи и извод на родени во пдф или јпг формат. Потоа, ќе мора истите документи да се достават и лично на увид во училиштата низ државата.

Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ е едно од училиштата во кои конкуренцијата е голема, што е причина да се организира и квалификациско тестирање бидејќи невозможно е сите пријавени кандидати да бидат примени. Директорката Маја Салиу, вели дека подготовките за престојните уписи се во тек.

„Не можам однапред да кажам дали и годинава ќе има квалификациски тестови. Ќе има ако се пријават повеќе кандидати од предвидениот број, со ист број на поени. Новината во уписот годинава е што електронско ќе биде пријавувањето, а потоа со документите на увид ќе треба да дојдат кај нас во училиштето оние што ќе бидат прелиминарно примени“, вели Салиу.

Прво ќе биде објавена прелиминарна листа, а потоа и конечна ранг-листа. Ако има квалификациско тестирање, учениците ќе треба да полагаат биологија и хемија на материјалот од осмо и од деветто одделение. Прашањата, односно тестовите би ги изготвиле вработени во Бирото за развој на образованието.

„Бројот на поени за упис во средно, се одредува со математичка формула. 75 поени е максимумот што може да се добие од оцени и од поведение, а дополнително поени може да се добијат од меѓународни награди и натпревари, што значи дека 80 поени се максимум сосе натпреварите. Овде исклучок е квотата за ученици од ромска националност, тие добиваат 10 отсто плус поени дополнително“, појаснува директорката.

Нејзиниот колега во средното стручно училиште „Михајло Пупин“, Димитар Ѓорѓиев вели дека училиштето е на располагање на оние ученици кои нема да бидат во можност да ги прикачат свидетелствата и другите документи во системот.

„Оние кандидати кои немаат Интернет, односно немаат како да аплицираат електронски, може да дојдат кај нас. Ние имаме посебна просторија од каде што ќе може да си поднесат документи за упис“, информира директорот.

Во ова училиште најпопуларен е смерот за компјутерска техника и автоматика, како и дуалните паралелки – ЕВН и енергетика, а имаат и насока електроника и телекомуникации. Годинава овде има место за вкупно 338 нови ученици кои ќе следат настава на македонски јазик. Директорот Ѓорѓиев вели дека во последните три години, овде се запишуваат одлични ученици, што не било случај во минатото.

И средното машинско училиште „8 Септември“ е подготвено за претстојните уписи. Во ова училиште има насоки за металуршки техничар, машински техничар за моторни возила, техничар за компјутерско управување, машинско-енергетски техничар, обработувач на метал, инсталатер за цевкини водови како и најбараниот смер – инсталатер за греење и климатизација. Како што информира директорот Кенан Асани, овде годинава има место за 218 ученици во осум паралелки.

извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk