ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Се прави редизајн на дел од мерките за заштита на граѓаните и бизнис секторот

June 6, 2022 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој момент на дел од мерките се прави редизајн, а кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен и нов пакет мерки, најави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на фабриката Таб Мак во Пробиштип.

Говорејќи за пакетот мерки за заштита на граѓаните и бизнис секторот, Ковачевски најави дека со ребалансот кој е предложен од Собранието, веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки кои по направените анализи и ревидирањето на постојните мерки ќе бидат предложени и ставени во функција.

Премиерот нагласи дека не се сите мерки укинати, поддршката за граѓаните со најниски примања се останати во сила, а во делот на електричната енергија остануваат мерките до крајот на годината.

– Ние први, како Влада, реагиравме со мерки и тоа беше потврдено со сите извештаи на почетокот на енергетската криза. Направивме намалување на Данокот на додадена вредност на електрична енергија и извршивме субвенционирање на 80 проценти од сметките кои граѓаните ги плаќаат. Овие мерки продолжуваат до крајот на оваа година, рече Ковачевски.

Тој најави усогласување на пензиите во септември, а во најголемиот дел од јавниот сектор, како што кажа, платите се зголемуваат.

Цената на нафтата, посочи Ковачевски урива рекорди, и не се знае до каде ќе оди.

Во однос на стоковите резерви, премиерот истакна оти тие се на ниво, кое е пропишано со закон.

– Со нафтените деривати имаме непречено снабдување постојано, од почетокот на кризата. Во однос на храната се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги имаме и обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Ние во моментов немаме недостатоци на храна во државата, бидејќи преку директни контакти со соседите оебзбедивме непречен проток на прехранбени производи, рече Ковачевски./МИА/.

Next Post

Вучиќ изрази незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk