ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши: Ќе преземеме конкретни мерки да се намали чекањето на граѓаните и туристите на граничните премини

June 8, 2022 13:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не ги отвориме границите би ни требало речиси една недела за да се посетат најпознатите градови во регионот, а на граничните премини во сезона треба да чекаме четири до пет часа. Затоа се многу важни иницијативите кои произлегуваат од Отворен Балкан, порача министерот за економија Крешник Бектеши на првата панел сесија на тема „Отворен Балкан отвора туризам“ на самитот на Отворен Балкан во Охрид.

-Токму преку овие инцијативи и договорите што заеднички ќе ги потпишеме и нема да ги оставиме само на хартија ќе преземеме конкретни мерки да се намали моменталното време што граѓаните и туристите го губат на граничните премини на чекање, а зошто и воопшто да го нема. Само на тој начин ќе можеме да привлечеме туристи и од трети земји, рече Бектеши.

Со заедничка соработка, подвлече, може да се развијат нашите земји, но и да има повеќе туристи и тоа не само од регионот, туку и од трети земји.

-Затоа секогаш ќе ги поддржиме регионалните инцијативи и ќе ги промовираме земјите од Западен Балкан како што ги промовираме нашите туристички дестинации. Убеден сум дека тоа го делат и Србија и Албанија, а зошто да не во иднина и Косово. Само на таков начин можеме да помогнеме во развојот на нашите земји. Доколку некој турист од Азија би сакал да го посети регионот ќе треба да изгуби речиси цела година да за да добие две или три визи и со нив да посети две или три места кои се на два часа. Затоа треба да ги усогласиме визните режими за да привлечеме и туристи од трети земји, истакна Бектеши.

Треба да имаме целосно усогласување, потенцира, бидејќи туризмот е сензитивен.

-Посетувајќи се еден со друг повеќе ќе се запознаеме меѓусебно и ќе заборавиме на минатото, рече Бектеши.

Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро Фурхи посочи дека Отворен Балкан е концепт кој отвора врати за разлика од Западен Балкан кој, како што рече, изгледа како да ни се затвораат вратите.

-Ние сами на нашиот регион сме му дале име Отворен Балкан, а другите ни го дале Западен Балкан и не ни даваат да се отвори вратата. Отворен Балкан е добро ребрендирање на иднината кон која сакаме да го водиме Балканот каде луѓето може слободно да се движат, но и регион кој својата иднина ја гледа во европската интеграција, рече Кумбаро Фурхи.

Отворен Балкан, посочи, е добар бренд и неговата најдобра соработка ќе ја најдете преку туризмот зашто секогаш секаде во регионот сме подготвени да им кажеме добредојде на туристите.

-Идејата е да има отворен пазар во кој туризмот вреди повеќе од обична стока. Со него одиме во насока да се тргне она што историјата ни го дала како залог. Туризмот е добар пазар за нашите земји. Туристите од Канада, Австралија, Азија и Блискиот Исток не доаѓаат во една земја, туку сакаат да посетуваат региони и постојано бараат нови дестинации. Токму нив треба да гиривлечиме и доколку секој од нас во нашите земји отвора нови можности ќе бидеме поконкурентни, потенцира Кумбаро Фурхи.

 

Татјана Матиќ, српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации ја оцени иницијативата Отворен Балкан како чекор кон доверба која му недостасуваше на регионот.

-Оваа идеја ни е попотребна од било кога и се надевам дека ќе донесе нови договори и меморандуми кои ќе бидат корисни за нашите граѓани. Како ресорни министри очекувам дека годинава ќе може да излеземе со некои чекори кои ќе покажат видливи резултати, посочи Матиќ.

Туризмот, додаде, е еден вид на индустрија која има голем потенцијал после Ковидот и многу ветува и ќе помогне да се срушат стереотипите наследени од минатото.

-Затоа е неопходно да направиме регионална понуда за далечните и поозбилни пазари за да привлечеме поголем број странски туристи. Треба да мислиме пошироко и како регион да се поставиме и претставиме на вистински начин. Сметам дека и другите земји од регионот нема да седат настрана и ќе ни се приклучат. Потпишувањето на меморандумите ќе ги поттикне и нив да ни се приклучат, рече Матиќ.

Поддршка на иницијативата Отворен Балкан искажаа и претставниците на стопанските комори од трите земји.

Next Post

„Отворен Балкан“ отвора можности за заедничка промоција на атрактивните туристички атракции на земјите од регионот

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk