ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Да ги искористиме фондовите на ЕУ и можностите за Отворен Балкан за да ги подобриме врските и односите на граѓаните преку културата и уметноста

June 8, 2022 15:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да ги искористиме фондовите на ЕУ и можностите за Отворениот балкански регион за да ги подобриме врските и односите на нашите граѓани преку културата и уметноста како наш придонес во културно богатата и диверзифицирана Европа, вклучително и славејќи го нашето културно наследство и она што е поважно за нашата иднина.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на отворањето на панелот „Отворен Балкан ја отвора културата“ во рамки на Самитот Отворен Балкан што се одржува денеска во Охрид.

– Културата е област што опфаќа широк спектар елементи почнувајќи од традициите, обичајните верувања, заедничките вредности, наследството и уметноста во сите нејзини форми и области што го обликуваат идентитетот на една нација. Убавината на една култура е во тоа што таа постојано се развива и што секоја генерација придонесува за збогатување на културното наследство, рече Маричиќ.

Другата убавина на културата, додаде тој, е што таа не познава граници, таа е тема што ги обединува различните народи и ги зајакнува врските меѓу луѓето што е од клучно значење за надминување на сите разлики и подобро разбирање на нашите индивидуални карактеристики како нации.

– Наша обврска е да вложиме напори за зачувување на културното и во исто време да инвестираме во уметноста и креативноста на поединците како придонес кон развојот на културата, но и други области кои имаат директно или индиректно влијание врз култура како што се образованието и технолошкиот развој, истакна тој.

Маричиќ посочи дека оттука произлегуваат и обврските што ние како Влади ќе ги преземеме овде во Охрид во рамките на иницијативата Отворен Балкан „за промовирање на регионалната мобилност на уметници и експерти, за поддршка на регионалните политики за соработка во областа на уметноста и културата, преку размена на искуства, вмрежување и промоција на културата и уметноста на уметниците од Западен Балкан во меѓународен контекст, како и промовирањето на мобилноста на уметниците за интердисциплинарни соработки на полето на уметноста и културата со што се генерираат економски и социјални иновации кои се чекор напред во промовирањето на културната различност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебно разбирање во регионот.

– Во поширок контекст на нашата перспектива во ЕУ и идно членство, овој пристап е во согласност со Новата европска агенда за култура на ЕУ усвоена во 2018 година, што има за цел да го искористи целосниот потенцијал на културата за да помогне во изградба на поинклузивна и поправедна Унија, поддржувајќи ги иновациите, креативноста и одржливи работни места и раст, истакна тој.

Маричиќ оцени дека културната соработка е предмет на финансирање од Комисијата на многу скромен, но значаен начин.

– Имаше време, не толку долго во минатото, каде што единствениот начин за соработка, народ до народ, со Грција беше преку еден културен проект за финансирање на изучувањето на грчкиот јазик во Пелагонискиот регион. Исто така, секоја година фестивалот „Охридско лето“ не потсетува дека зачувувањето на Античкиот театар со средства од ЕУ обезбедува домаќинство на многу културни настани на единствен локалитет. Да ја споменам реконструкцијата на Лешочкиот манастир и џамијата кои ги доведоа македонските граѓани во помирување, исто така и на санација на манастирскиот комплекс Старо Нагоричане преобразувајќи го во место за состаноци на луѓето од Северна Македонија и Србија. Ги спомнуваме овие примери како начин за инспирација за понатамошно дефинирање во можностите за финансирање на ЕУ и обид за елаборирање на проекти во областа на културата, кои понатаму би можеле да ги зближат нашите граѓани од регионот, рече Маричиќ.

Тој се осврна на можностите за финансирање во рамките на македонските прекугранични програми со Албанија и Србија.

– Во Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија за периодот 2021-2027 година има тематски приоритет како што се туризмот и културното и природното наследство и може да се финансираат за промовирање заеднички, одржлив пристап за подобрување и одржливо искористување на природното и културното наследство за развој на туризмот во програмската област, како и за подигање на свеста на населението и туристите/посетителите за богатството на природното и културното наследство како и потребата од негово заштита и одржливо искористување. Ова ќе биде финансирано со над шест милиони евра за седумодишниот период. Додека програмата за прекугранична соработка за 2021-2027 година меѓу Северна Македонија и Србија е поддржана со околу четири милиони евра за истиот период, рече тој.

Маричиќ ја спомена и значајната поддршка од ЕУ за културата се обезбедува преку новата програма „Креативна Европа“, и додаде дека буџетот наменет за новата програма на ниво на ЕУ изнесува 2,44 милијарди евра, а може, како што рече, да се инвестира во акции кои ја зајакнуваат културната различност и одговараат на потребите и предизвиците на културниот и креативниот сектор.

– Идната соработка во културата е веќе дефинирана во Договорот за соработка што денеска ќе го потпишт министерките за култура на трите земи и со овој договор и можностите за финансирање имаме солидна основа за приближување кон оваа заедничка цел, истакна Маричиќ на панелот „Отворен Балкан ја отвора културата“.

Next Post

Се конфискува белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, шест години затвор за Никола Груевски за случајот „Талир 2”

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk